ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АХА!

Не само химната, учениците ќе ја пејат и „Нешто ќе те питам бабо“ и „Друже Тито ми ти се кунемо“

October 4, 2023 16:15
in PMD, АХА!, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Златно Грло

Секој понеделник учениците во основните училиштa во Аеродром ќе мора наредини како војници во строј и во училишна униформа да ја пејат македонската химна, одлучи градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст. Не може нашите македонски чеда да растат со хитовите како што е бугарската песна „Васко жабата“ или српската „Жена од султана“ а да не си ја знаат химната. Ќе почнеме со изведба на химната секој понеделник сè додека дечињата не ги научат нашите македонски патриотски песни како што се: „Нешто ќе те питам бабо“, „Проклети да се предавниците“, „Оган да ги гори“, „Едно име имаме“ и други, вели нашиот извор.

Тој додава дека одлична можност за децата уште од мали нозе да станат патриоти и да ги научат песните на памет е посетата на музичкиот патриотски караван кој го предводи пироманот Ламбе Алабаковски.

„Злонамерните ќе кажат дека патриотскиот караван „Македонијо во срце те носиме“ е вмровски проект и дека тоа е контра-кампања на владината кампања „НИЕ СМЕ ЕВРОПА“. Тоа дека на партиските митинзи, упс, на партиотскиот караван се појавуваат само вмровци со се нивните деца кои секогаш се напред на првиот ред со кренати три прста (вардарска, пиринска и егејска) е само случајност, вели тој.

Анонимниот извор вели дека во партијата се води жестока битка децата да не ја пејат „Песната за Никола Груевски“ и оти забрзано се компонира нова песна за „војводата Мицкоски“.

Се додека партиските членови не се одлучат која песна ќе се пее во општините каде што градоначалници се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се донесе одлука учениците да настапуваат со неутрална песна „Друже Тито ми ти се кунемо“.

 

Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана. 

Извор: ЦивилМедиа

Next Post

Кевин Мекарти стана последната жртва на тврдокорните републиканци на Трамп, што ќе значи разрешувањето на спикерот на американскиот Конгрес за помошта за Украина?

Најново

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Договорот за крај на војната со Иран изгледаше блиску. Потоа Трамп почна да објавува на социјалните мрежи

April 21, 2026
Фото: Министерство за образование и наука

Во Скопје се одржа настан за ученици по повод Светскиот ден на креативноста и иновациите

April 21, 2026

Филипче: Ако сме трета економија во Европа зошто Владата не ги покачи платите?

April 21, 2026

ВЛЕН: Неуспехот на 5 министри и молкот на внукот на Али Ахмети го оставија албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

April 21, 2026

Концерт на Камерниот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје – „Солисти на ФМУ“ во НУ Филхармонија

April 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk