ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Штрајкот во обвинителството продолжува – работната група ќе има рок од 10 дена за постигнување на договор

October 4, 2023 13:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Штрајкот во обвинителствата ќе продолжи понатаму, соопшти денеска претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски, на прес-конференција пред Основното јавно обвинителство.

Тој ја поздрави вчерашната одлука од седницата на Влада, каде се формираше работна група за преговори составена од министрите за финансии, за информатичко општество и  администрација, и за правда, вицепремиерот за економски прашања и претставници на Синдикатот на УПОЗ, како репрезентативен синдикат, на која што ќе се решава за барањата за покачување на платата за 78 отсто и враќање на додатоците на плата.

Се очекува оваа работна група да почне со работа во рок од седум дена, како што е наведено во информацијата на Влада.

-Само сакаме да ги известиме дека првата средба ќе бараме дефинирање на рокови. Таа работна група да ја заврши работата во најдолг рок од 10 работни дена. Доколку не се договориме и не ги прифатат нашите услови штрајкот ќе продолжи на поригорозен начин и нема да се работат никакви работни задачи во обвинителството, дециден беше Деаноски.

Доколку не се договорат за време на предвидените рокови, на штрајкот ќе се приклучат и вработените во судовите и правобранителството, што би значело дека целото правосудство нема да извршува никакви работни задачи.

-Очекуваме од страна на министрите да имаме плодни разговори и плодни преговори и во најбрз можен рок да најдеме начин и решавање на нашите барања. Доколку не најдеме, како што кажав, прекинуваме со работа, ќе блокираме и други институции, штрајкот ќе станува од ден на ден се поригорозен, а имаме најави дека на овој штрајк ќе се приклучуваат и други државни органи, рече Деаноски.

Претседателката на Синдикална организација при јавни обвинителства при Синдикатот на УПОЗ, Изабела Илиева кажа дека нема да отстапат од нивните барања за покачување на платата за 78 отсто и 35 отсто за додатоците на плата, а веќе побарале од министерот за правда со итна постапка да се донесе законот за јавно обвинителска служба, за кој, како што вели, треба заеднички да преговараат, бидејќи со него се регулира висината на платата, како и додатоците на плата.

-Доколку мислат дека ќе почнеме да се пазариме за 5 и 10 отсто покачување на плата воопшто да не почнуваме. Барањата ни се 78 отсто со 35 отсто додатоци, сериозно нека си го сфатат тоа, нема да попуштиме и поради тоа да не се залажуваат, да не го влечат времето. Најмногу 10 дена даваме за преговори. Доколку ништо од тоа не биде штрајкот ќе биде уште поригорозен, рече Илиева.

Tags: обвинителствоУПОЗштрајк
Next Post

Законите за вработени во јавниот сектор и за административни службеници во владина процедура, ќе се носат со европско знаменце

EVN

НАЈНОВО

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026
Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk