ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Премиерот Ковачевски во Гранада: Соработката и стратешкото делување во процесот на дигитализација ќе придонесе за забрзана евроинтеграција, економски и технолошки развој на Западен Балкан

October 5, 2023 16:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на учеството на Самитот на Европската политичка заедница, премиерот Ковачевски учествуваше на тркалезната маса посветена на дигиталната транзиција и вештачката интелигенција.

Заедно со премиерите на Обединетото Кралство, Шведска, Италија, Лихтенштајн, Хрватска, Албанија и претседателките на Ервопската комисија и на Европскиот парламент, разговараа за улогата на вештачката интелигенција како основа за идни иновации и развој на европскиот континент, дигиталната инфраструктура, улогата на социјалните мрежи и потребата од регулирање на нивната работа.

Лидерите ја потврдија потребата и итноста Европа да ги удвои напорите со цел да обезбеди лидерство во сите процесите врзани со истражувачката дејност и останатите активности кои ќе обезбедат развој на вештачката интелигенција. Тие воедно повикаа на здружување на силите на национално ниво во формирање на специфичен, европски пристап и иницијативи во развој на стандарди кои ќе бидат компетитивни на светскиот пазар.

На тркалезната маса, премиерот Ковачевски ја истакна важноста од соодветно позиционирање во однос на компаниите кои работат во доменот на вештачката интелигенција. Беше посочено дека креирањето на соодветна бизнис средина за претприемачки систем за употреба на вештачката интелигенција, е исклучително важно и за истото е потребно соодветно регулирање на пазарот. Позиционирањето на Европа и креирањето бизнис средина за она што сака да се постигне е од исклучителна важност како што истакна премиерот Ковачевски на тркалезната маса, додавајќи дека притоа е важно тоа да не е на сметка на иновациите и напредокот.

Премиерот се осврна и на телекомуникациската инфраструктура на Северна Македонија, која е најразвиена меѓу земјите од регионот, и која е основа за дигиталната трансформација и натамошниот развој и просперитет на земјата.

Tags: ГранадаКовачевски
Next Post

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Убиени најмалку 49 цивили, меѓу кои и шестгодишно дете, во ракетен напад врз село во близина на Харкив

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk