ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бесими: Продолжуваме со фискалната консолидација и поддршка на растот

October 6, 2023 18:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Фатмир Бесими вели дека внимателно се следат извештаите од меѓународните финансиски институции за состојбата во нашата економија и се прават проекции на буџетот за следната година со продолжување на финансиската консолидација и поддршка на растот.

Коментирајќи го вчера објавениот Извештај на Светска банка во кој се прогнозира дека економскиот раст на државава годинава ќе биде 1,8 отсто, а инфлацијата 9,1 отсто, Бесими на брифинг со новинарите рече дека во извештајот како еден од главните предизвици за забавената динамика на раст е наведен бавниот процес на носење на реформските закони во Собранието.

Позитивно, како што рече,  е што даваат оптимистичка перспектива за земјата и ги наведуваат инвестициите во инфраструктурата, европската интеграција и зајакнувањето на човечкиот капитал.

-Ако гледаме во структурата, во динимиката по компоненти на БДП, ќе видиме дека тоа што  го пишува се одразува во бројките, најголем одраз има надворешната трговија, динамиката на увоз и извоз, заради тоа што се намалува потрошувачката во Германија, како наш најголем трговски партнер, а поради рецесијата во два квартала. Странските директни инвестиции (СДИ)  го компензираат падот во надворешната трговија. Имаме раст на  СДИ во однос на претходните години. Индустриското  производство, пак, првпат по пандемијата годинава има раст. Има и други аспекти, перспективата е позитивна, а ќе работиме на предизвиците, вели Бесими.

Тој посочува дека и проекциите за растот што ги објавија ММФ, ЕУ, ЕБРД.. се над 2 проценти, односно 2,4 проценти, 2,5 проценти. -Затоа, внимателно ги следиме овие работи, правиме проекции на буџетот за следната година и на БДП и продолжуваме со фискалната консолидација  и поддршка на растот, истакна министерот за финансии.

Посочувајќи дека податоците на Државниот завод за статистика покажуваат постојано намалување на инфлацијата укажа дека треба да се земе во предвид влијанието од зголемувањето на каматната стапка од страна на Народната банка.

– Имаме четирикратен раст на каматната стапка на НБ и нормално дека тоа влијае  на економската активност. Затоа „играме“ со други мерки, преку Развојната банка со нови кредити и поволности, гарантна шема… Нема бесплатен ручек. Ако сакаш да намалиш инфлација, НБ ќе зголеми каматна стапка, тоа пак ќе се одрази на растот, побарувачката ќе се намали, доходот… Тоа се циклуси, не можеме да се бориме со максимите на економската теорија, но се обидуваме да го намалиме ударот особено кај најранливите категории, рече Бесими.

Тој повтори дека се подготвува пакет со антикризни мерки за кои веќе се обезбедени финансии со Одлуката за прераспределба на средства од Буџетот, а најави и објава на нова граѓанска обврзница на крајот на овој или на почетокот на следниот месец.

Tags: Бесимифискалната консолидација
Next Post

Маричиќ: Северна Македонија е првата земја надвор од ЕУ која што успешно ја применува „Гаранцијата за млади“

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk