Пет опозициски парламентарни партии и организации денеска испратија заедничко писмо до сите релевантни меѓународни фактори за следење на изборите во Србија со барање да се изјаснат околу изборните услови, пишува Данас.
Тие прашуваат дали изборите ќе се сметаат за неслободни и недемократски доколку се одржат без исполнување на препораките од извештајот на ОДХИР, односно на ОБСЕ, кои Владата на Србија се обврза да ги исполни, се наведува во соопштението на Партијата за слобода и правда (СПП).
Ова барање го иницираа ССП, Движењето на слободни граѓани, Движењето за пресврт, Синдикатот Слога и Зелено-левиот фронт.
„Изборните услови, заробувањето на медиумите од режимот и притисокот врз гласачите оттогаш се влошија. Целосно координираната и обединета демократска и проевропска опозиција во Србија бара вонредни парламентарни и белградски избори во нашата земја, бидејќи нема друг начин да излезе од актуелните големи економски, политички и безбедносни кризи“, се вели во писмото.
Тие оценија дека режимот на српскиот претседател Александар Вучиќ не е подготвен да ги спроведе извештаите и препораките и планира да има уште едни избори кои не се реални, туку наместени и избори со притисок врз гласачите, под целосна контрола на медиумите на неговиот режим и неконтролирано полнење на гласачки кутии со увоз на гласачи од Босна и Херцеговина.
„Јасно е дека вашето мислење за овие наместени избори е важно и неопходно пред изборите, бидејќи Александар Вучиќ нема спроведено ниту една од препораките што сте ги дале, ниту пак ќе исполни некаков правен или друг лек за да и овозможи на Србија конечно да има слобода и демократски избори“, се посочуваат во писмото.
Заедничкото писмо е испратено до Генералниот директорат на Европската служба за надворешни работи, известувачот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, заменик-помошникот секретар во американскиот Стејт департмент, Габриел Ескобар, амбасадорите на ЕУ и на САД во Србија, како и до шефовите на мисиите на ОБСЕ и на Советот на Европа во Србија.
Г. Т.