ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албански медиуми: ЕУ подготвува мерки против Србија; Соработник на синот на Вучиќ вмешан во нападот во Бањска; САД ангажира нов човек за Европа

October 9, 2023 12:03
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Известувачката за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, објави дека Европската унија подготвила низа мерки против Србија, како одговор на вооружениот напад на 24 септември во Бањска и Звечан. Две недели по терористичкиот напад, косовските власти продолжуваат со изнесување нови докази, соработникот на синот на Вучиќ вмешан во нападот во Бањска.

Ова се само дел од содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Радио Косова е Лире: Европратеничката Виола фон Крамон најави дека ЕУ подготвила мерки против Србија

Известувачката за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, објави дека Европската унија подготвила низа мерки против Србија, како одговор на вооружениот напад на 24 септември во Бањска и Звечан. „Не би ги нарекла санкции, бидејќи тие мора да бидат одобрени од Советот, но станува збор за политички и финансиски мерки, кои природно ќе и наштетат на Владата на Србија. Она што го разбирам е дека многу дипломати подготвуваат друг предлог како да се продолжи. Во моментов не можам да дадам повеќе детали“, појасни европратеничката фон Крамон.

„Вучиќ контролира многу работи што се случуваат во Србија. Тешко е да се помисли дека тој не бил свесен што се случува во врска со набавката на оружје или организацијата на групата агресор. Сепак, не мислам дека Србија е заинтересирана за поголем воен напад, ниту за војна“, изјави фон Крамон, пренесува Радио Косова е Лире.

Телеграфи: „Соработникот на синот на Вучиќ вмешан во нападот во Бањска“ – две недели по терористичкиот напад, косовските власти продолжуваат со изнесување нови докази

Косовските власти продолжија со изнесување на нови докази и две недели по терористичкиот напад што се случи на 24 септември во Бањска и Звечан.

Министерот за внатрешни работи Џелал Свечла во неделата објави личен документ на Србин за кој рече дека е пронајден по нападот на косовската полиција во Бањска.

Според Свечла, документот е на Милорад Јевтиќ, кој „е познат како еден од најблиските соработници на Данило Вучиќ, синот на српскиот претседател Александар Вучиќ“.

„Од последните пет посети на синот на Вучиќ на Косово, четири пати биле заедно во ист автомобил“, тврди Свечла, пренесе Телеграфи.

Инфокус: Истекува ли времето на толерирање на Вучиќ? Америка ангажираше нов човек за Европа, што значи ова за Србија

Веста дека Џејмс О’Брајан е назначен за нов помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања го помина радарот на јавноста. Човек кој некогаш беше советник на поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, и кој учествуваше во формулирањето на Дејтонскиот договор.

Неговиот став, според соговорниците на весникот „Нова“, од кои некои и лично го познаваат, е дека тоа значи поостар пристап на Америка кон Србија, пред се за косовското прашање, но и за корупцијата и криминалот на организираниот .

Џејмс О’Брајан ја замени Карен Донфред, која ја напушти функцијата во март оваа година.

О’Брајан беше номиниран од американскиот претседател Џозеф Бајден за нов помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања. Тој практично ќе биде супериорен во однос на Габриел Ескобар, претставник на САД за Западен Балкан, пренесе Инфокус.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Младите лекари се против законот за принудна работа, бојкотот на наставата на УМТ продолжува

„Студентите на Медицинскиот универзитет денеска го започнаа протестот што го најавија  пред неколку дена. Тие едногласно се собраа пред просториите на универзитетот, каде во знак на протест против новиот закон одобрен за принудната работа што треба да ја вршат внатре во државата, повторно ја бојкотираа лекцијата.

Новиот закон ги обврзува новодипломираните лекари да ја обезбедуваат својата услуга во Албанија во период од 5 години, пред да ја добијат дипломата за завршување на студиите.“, пренесе Балкан Веб.

Јава Њуз –  Синагогата во Тирана се претвори во „база“ за резервисти, Израелците одат да се борат: Нашата земја е света

Во синагогата во Тирана требало да има атмосфера на славење, бидејќи Евреите имаат свој свет празник кој трае цели 8 дена. Но, оваа прослава беше скратена со нападот на Хамас во петокот вечерта.

Сега синагогата се претвори во база, каде што сите Израелци се собираат за да најдат можност да се вратат во својата земја и да се приклучат на борбата за елиминирање на тероризмот на Хамас, пренесе Јава Њуз.

КОЛУМНА

Коха: Петтата слобода

„Ако четирите европски слободи се слободата на непречено движење на луѓе, стоки, услуги и капитал, во Бањска тие се трансформираа во слобода на движење на паравоената група, на стоки како што е фрлачот на гранати М93 (со капацитет од 40- 500 гранати во минута), на служби за дестабилизација на Косово (и присуство на НАТО во него). Под овие услови се гарантира слободно движење на капиталот, со вреќи со готови пари од секој можен шверц и корупција. Берлинскиот процес може да продолжи вака, или да бара петта слобода, ослободување( слобода) од страв.“, пишува авторот Ветон Сурои во колумната „Петтата слобода“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk