Познавачите на политичките прилики во земјава се песимисти дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ може да рефлектира и да гласа за неопходните уставни измени – за земјата без пречки да чекори на патот кон Европската унија (ЕУ).
Додекам, според нив, условувањето на опозициските партии на Албанците на уставните измени со отстранување на референцата 20 проценти како уставна категорија за албанскиот јазик, е реторика на дневната политика.
– Не очекувам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени досегашниот курс на опструкции на уставните измени кои се услов за продолжување на преговорите со ЕУ, но сосема е возможно, со оглед на видливите поделби во партијата, поедини пратеници да ги поддржат уставните измени, изјави за „Фронтлајн“ – Петрит Сарачини од Институт за медиуми и Аналитика – ИМА.
Што се однесува до опозициските партии на Албанците, Сарачини мислам дека нивната реторика и условувања за уставните измени се повеќе дел од дневно-политичката битка во оваа предизборна година, кога партиите си ги мерат силите во јавноста и се обидуваат да придобијат што е можно повеќе идни гласачи.
– Сепак, ако се има предвид дека и албанските опозициски партии се јасно декларирани како цврсти поддржувачи на евроинтеграциите на земјата, мислам дека оваа стратешка цел и за нив има поголеам тежина и дека сепак ќе ги поддржат уставните измени, нагласи Сарачини.
Според новинарот и политички коментатор – Ацо Кабранов се поизвесно е дека уставните измени нема да се случат.
– Христијан Мицкоски ги контролира пратениците од неговата партија а во последно време и Албанскиот опозициски блок. Касами и јавно веќе настапува како портпарол на Мицкоски и белата палата, веројатно има договор со Мицкоски да коалицира во Влада која доколку победи ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ. Што Мицкоски ќе изјави денеска веќе следниот ден Касами го повторува како негов став. Другите опозициски партии на Албанците засега се посрамежливи но во желбата да го срушат Ахмети ќе направат сè што од нив ќе побара Мицкоски, вели Кабранов во изјава за „Фронтлајн“.
Вметнувањето на Бугарите во македонскиот Устав е услов за продолжување на преговорите на земјава за членство во Европската Унија. Уставот може да се измени со двотретинско мнозинство во 120-члениот парламент во Скопје, но засега мнозинството ги нема потребните гласови.
Во меѓувреме, на потребата од донесување на уставните измени укажуваат претставници на Меѓународната заедница кои во изминатиот период упатуваат пораки дека промената на Преамбулата е гаранција за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и дека целиот процес треба да се демистифицира и преку него нема да се изгуби идентитетот, јазикот или историјата.
Дестан Јонузи