Претседателките на Европската комисија и на Европскиот парламент, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола денеска ќе го посетат Израел, соопшти ЕК.
Во кусото соопштение се додава дека целта на посетата е „да изразат солидарност со жртвите на терористичките напади на Хамас“.
Предвидено е Фон дер Лајен и Мецола да се сретнат и со претставници на израелските власти.