Пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24 истакна дека уставните измени се за доброто на сите граѓани на нашата држава, за доброто на нашата држава.
Се знае што треба да исполниме за да ги отвориме првите поглавја по скриниг периодот и да тргнеме во преговори до конечно полноправно члелство во ЕУ, единствен политички услов е да го внесеме бугарското малцинство да биде дел од уставот, нагласи Калеска Ванчева, додавајќи дека конечно мора да се изнајдат сили и за клучни работи да се изгради национален консензус.
Калеска нагласи дека ДПМНЕ треба да престане да ја манипулира јавноста, кој уште треба да дојде да каже дека преговарачката рамка не се менува.
Чекаме повеќе од 30 години, чекањето мора да престане, како нација мора да ги земеме работите во свои раце, сега топката е кај нас, дали треба да потрошиме уште 10-15 години да чекаме, немаме друга алтернатива освен ЕУ и НАТО, како што кажавме уште во 1991 година, порача пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „24 Анализа“ на ТВ 24.