Пишува: ДРАГАН МИШЕВ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера, од општина Аеродром, која патем се гуши во отпад и смет под раководство на неговиот кандидат, порача дека:
„ВМРО како историска организација го поминала и Османлиско, српско и бугарско и комунистите и ќе ги помине и Али и Ковачевски и сите“.
Да бе „друже“, ВМРО ги поминала… ама само ги поминала, без притоа да се сети дека треба да направи држава, ни во турско, а богами ни во бугарско (додуша може вие ја сфаќате како ваша бугарската држава која ја окупираше Македонија, со оглед на тоа како ги дочекавте „освободителите“, а богами и голем број предци на ваши високи партиски функционери станаа и б’лгарски кметови).
Среќа па ги поминавте и комунистите, или поточно тие вас, па НЕ успеавте да „попречите“ да ја создадат македонската држава…
А продолжетокот е …веч виџено… Мице, терај магарето.
Преземено: Цивил Медиа