Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска 13.10.2023 година (петок) ќе оствари средба со бизнис делегација од Република Кореја предводена од Јанг Сунг Мин, висок советник за стратегии на претседателот на Јужна Кореја, која ја сочинуваат претставници на светски реномираните компании Hyundai, Samsung, LG, Лоте, и Корејската трговска и индустриска комора.
На средбата ќе се усогласи текстот на меморандумот за соработка со кој ќе се постават темелите на идната економска соработка помеѓу Владата на Северна Македонија и Канцеларијата на претседателот на Република Кореја.