Израелските одбранбени сили објавија нов краен рок за луѓето во северниот дел на Појасот Газа да побегнат на безбедно и да тргнат по препорачаната рута.
Луѓето треба да го напуштат регионот од 10 до 16 часот по локално време.
Жителите на Беит Ханун треба да заминат во Кан Јунис, напиша портпаролот на армија на арапски на платформата Х.
„Бидете уверени дека лидерите на Хамас се грижат само за себе и побараа заштита од нападите во регионот“, додаде тој.
#عاجل 🔴بيان مهم لسكان مدينة غزة🔴 ناشدناكم في الأيام الاخيرة مغادرة مدينة غزة إلى جنوب وادي غزة بهدف الحفاظ على سلامتكم. أود إبلاغكم بأن جيش الدفاع الإسرائيلي سيسمح بالتحرّك على الشوارع المُشار إليها دون أي اذًى بين الساعات 10:00- 16:00. من أجل سلامتكم، استغلوا الوقت القريب من… pic.twitter.com/zNSq1hnLQY
— افيخاي ادرعي (@AvichayAdraee) October 14, 2023
Израел постојано го обвинува Хамас дека користи цивили како жив штит.
Имаше многу критики за барањето на Израел луѓето да го напуштат северниот дел на Газа, а Обединетите нации го повикаа Израел да ја отповика наредбата, укажувајќи на опасноста од развој на „катастрофална ситуација“.
Се претпоставува дека наредбата на израелската армија повеќе од милион Палестинци да го напуштат северниот дел на крајбрежниот појас се смета за показател дека израелската армија планира копнена офанзива.
Г. Т.