ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи во својство на претседавач со ОБСЕ во Украина, на агендата средби со државниот врв

October 16, 2023 09:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на претседавач со ОБСЕ денеска ќе престојува во работна посета на Украина. Посетата на Украина, соопштија од МНР, е во рамки на остварувањето на една од главните заложби од Програмата на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

– За ОБСЕ, како најголема регионална безбедносна организација во светот, Украина и нејзиниот народ се на врвот на агендата, стои во соопштението.

Османи во Киев, ќе оствари средби со државниот врв на Украина. Покрај средба, Османи со министерот за надворешни работи Дмитро Кулеба ќе одржи и заедничка прес-конференција.  На агендата на Османи е и средба со претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук.

Во рамки на престојот во Украина, како што е најавено, Османи ќе оствари и неколку теренски посети за одблиску да се запознае со ситуацијата на терен, како и со потребите на граѓаните. Османи ќе го посети и Центарот за заштита на правата на децата, а ќе биде запознаен и со работата на единиците на Украинската служба за вонредни ситуации и процесот на деминирање на теренот.

– ОБСЕ Програмата за поддршка на Украина вклучува помош во повеќе области како што се хуманитарно деминирање, промоција на владеење на правото и ублажување на последователните еколошки и економски влијанија од воената агресија на Русија против Украина. Украина беше првата земја која Османи ја посети на почетокот на неговиот мандат како Претседавач со ОБСЕ во јануари оваа година. Втората посета доаѓа како продолжение и потврда на заложбите на ОБСЕ за помош на Украина и ублажување на последиците за луѓето од погодените подрачја предизвикани од руската воена агресија во Украина, и на влијанијата од неа врз поширокиот регион на ОБСЕ, информираат од МНР.

Tags: ОБСЕОсманипосетаУкраина
Next Post

Ковачевски на Самитот на лидери на Берлински процес во Тирана, најавени средби со Шолц и Вархеји

НАЈНОВО

Утре и задутре авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, пчеларите навреме да ги заштитат пчелите

August 21, 2025

Почнуваат 64. Струшки вечери на поезијата

August 21, 2025

Дистрибутерскиот гигант „Dogwoof“ од Лондон ги откупи светските права за „Сиљан“ на Тамара Котевска

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk