Помеѓу 200 и 300 луѓе загинаа во воздушен напад на арапска баптистичка болница во градот Газа, изјави портпарол на палестинското Министерство за здравство, објавија западните медиуми.
Хамас соопшти дека израелскиот воздушен напад врз баптистичката болница Ал-Ахли Араби во центарот на градот Газа резултирал со најмалку 500 жртви.
Breaking: number of Palestinians killed, as lsraeli warplanes strike a hospital’s yard in Gaza. pic.twitter.com/wV3hGDkXR9
— TIMES OF GAZA (@Timesofgaza) October 17, 2023
Болницата била нападната без претходно предупредување, пренесува Ал Џезира.
Министерството за здравство во Газа, предводено од Хамас, тврди дека Израел го извршил воздушниот напад.
„Овој страшен масакр претставува злосторство за геноцид. Повеќето од жртвите во болницата се раселени семејства, пациенти, деца и жени. Нападот, исто така, ја разоткри американската и западната поддршка на оваа криминална окупација“, соопшти движењето Хамас по израелскиот напад.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас прогласи тридневна жалост по смртоносниот воздушен напад врз баптистичката болница Ал-Ахли Араби во Газа, објавија државните медиуми.
Палестинскиот Црвен крст објави видео на кое наводно се прикажани последиците од нападот на болницата.
❌This is a genocide!
Hundreds of martyrs as a result of the occupation forces targeting the Al-Ma’madani Hospital in Gaza Strip, where thousands of displaced people are forcibly residing.#Gaza_under_attack pic.twitter.com/P9V8aKIWDI— PRCS (@PalestineRCS) October 17, 2023
Висок функционер на Хамас изјави за NBC News дека групата е подготвена да ги ослободи сите цивилни заложници во рок од еден час доколку Израел престане да ја бомбардира Газа.
За потсетување, Хамас потврди дека држи 199 заложници кои ги зеде по упадот во Израел.
Г. Т.