ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Опозицијата декларативно европска, а дејствува типично балкански

October 17, 2023 13:58
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Политичките партии во Северна Македонија, иако декларативно, без исклучоци, се за интеграција во Европската унија, според познавачите на политичките збиднувања, тие со типично балканско дејствување докажале дека не се однесуваат како Европејци.

Нано Ружин
Нано Ружин

Професорот и поранешен македонски амбасадор во НАТО, д-р Нано Ружин вели дека корупцијата, организиранито криминал, неефикасното судство се типичен пример за неевропско однесување.

– Вие може да кажете дека сте про-европски ориентирани а да се однесувате анти-европски. Факт е дека тоа е прашање на кампања, прашање на однесување, меѓутоа, факт е дека многу наши полтички партии и од власата и од опозицијата во минатотот сите се изјаснувале дека се проевропски и про-НАТО, но во одредени моменти едноставно имале многу про-балкански елементи на однесување во политиката. Корупцијата, организираниот криминал, нефикасното судство се типичен пример за неевропско однесување, вели Ружин за „Фронтлајн“.

Иако јас сум космополит, додава тој, и не ги подржувам националистичките партии, како што е на пример ВМРО-ДПМНЕ, сепак мислам дека и СДСМ треба да направи уште напори за да ја истакне својата проевропска ориентација.

Енвер Салихи
Енвер Салихи

Претседателот на НВО „Пулсот на Демократијата“ – Енвер Салихи смета дека во принцип не постои партија во Северна Македонија која е против влез на земјата во ЕУ освен мали партии кои неммат никаква важност во политичкката сцена.

– Сите знаеме дека внесот на Бугарите во Уставот ни нуди переспектива кон полноправно членство и истото е услов во преговорачката рамка и не постои друга опција за продолжување на европскиот сон за нашата држава. Што се однесува до албанските партии мислам дека тука нема сомнение дека сите се на иста линија и било кога да има можност за промена на Устав. Сите би постапиле иако во последно време има изјави на одредени политички партии за одредени услови и негласање кое од моја гледна точка ја гледам како популистичка и дека истите се про-ЕУ ориентирани и први би гласале за уставните измени. Несфатлив е потегот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да не се гласа за уставните измени кое е еден мал чекор наспроти се што е направено досега за овој пат и секако дека оваа партија е про-ЕУ но и фали храброст или пак смета дека со држање на ваков тврд курс ќе профитира на наредните избори, изјави Салихи за „Фронтлајн“.

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на неговото учество на Самитот на лидери на Берлински процес, што се одржува во Тирана, Албанија по завршувањето на вчерашните работни сесии на Самитот, оствари средба со Канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц.

На средбата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ се разговараше за европската перспектива на Северна Македонија и актуелните случувања во регионот, при што премиерот Ковачевски го информираше канцеларот Шолц за политичките случувања во земјата врзани со пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

Од германскиот канцелар Олаф Шолц, и од СР Германија, Северна Македонија уште еднаш доби силно охрабрување и поддршка за реализација на следниот чекор на зацртаниот пат кон пристапувањето во ЕУ – носењето на значајните одлуки кои ги имаме пред нас. Напорите на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на евроинтеграцискиот процес беа поздравени и препознаени како позитивен исчекор и напредок во исполнувањето на критериумите за пристапување. Исклучително е важно Северна Македонија да го продолжи европскиот пат и земјата да постигне консензус за стратешките прашања кои се од интерес на граѓаните.

Премиерот Ковачевски истакна дека не смееме да ја пропуштиме оваа неповторлива шанса која ја имаме, и треба да го дадеме нашиот глас за Европа. Потенцираше дека на Северна Македонија ѝ е потребна интеграција, а не изолација и дека гласот во парламентот за уставните измени е глас за европската иднина на Северна Македонија.

Соговорниците се согласија дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион. Пристапувањето и крајно, членството во ЕУ значат економски и општествен развој, социјална правда, врвна демократија, функционално владеење на правото, како и севкупно подобрен животен стандард.

Дестан Јонузи

Tags: Енвер СалихиЕУНано РужинПартии
Next Post

Верувам во нашето едно општество и во силата на нашите различности

НАЈНОВО

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: Продолжуваат манипулациите на ВЛЕН за наводна моја средба со Груевски

September 2, 2025
Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

September 2, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двегодишна затворска казна за напаѓачот на Данела Арсовска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аманда Сејфрид ја позајми облеката на Џулија Робертс за Филмскиот фестивал во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Манчестер сити го објави трансферот на Донарума

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk