ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

РТБФ: Убиен извршителот на синоќешниот напад во Брисел

October 17, 2023 10:38
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Белгиската полиција го застрела и уби 45-годишен Тунижанец, Абдесалем Ал Гуилани, кој беше осомничен за синоќешното убиство на двајца шведски фудбалски навивачи во Брисел, објави телевизија РТБФ.

Претходно МИА пренесе дека напаѓачот е уапсен, а полицијата отворила оган за време на асењето.

– Полицијата отвори оган за време на апсењето, изјави портпаролот на белгиското обвинителство

Според телевизијата, како што јави дописникот на МИА од Брисел, извршителот на нападот, кој властите го оквалификуваа како „терористички“, бил прогласен за мртов набргу откако бил пренесен в болница.

Ал Гуилани бил застрелан во кафуле во бриселската населбата Скарбек при полициската акција за негово апсење, која започна синоќа откако тој уби двајца шведски државјани и рани трет.

Белгиската министерка за внатрешни работи Анелис Верлинден, претходно, соопшти дека мажот осомничен за синоќешното убиство на двајцата шведски државјани во Брисел е застрелан од полицијата и е пронајдено автоматското оружје со кое е извршен нападот.

– Имаме добра вест дека го најдовме лицето, изјави Верлинден за радиото ВРТ.

Градоначалникот на Брисел, Филип Клоз, пак, за телевизијата БФМ изјави дека „се чини оти осомничениот навистина е неутрализиран“.

Портпаролот на белгискиот обвинител Ерик Ван Дајсе потврди дека полицајци отвориле оган при апсењето на осомничениот, но одби да даде повеќе детали.

Белгискиот премиер Александер де Кро оцени дека станува збор за „кукавички терористички напад“

– Напаѓачот избра за мета двајца шведски фудбалски навивачи, додаде Де Кро.

Ал Гуилани синоќа на социјалните мрежи објави видео со кое презеде одговорност за убиствата, тврдејќи дека е припадник на Исламската држава и дека нападот го извршил во „име на Алах“.

Според белгискиот министер за правда Винсент Ван Квикенборн, Ал Гуилани илегално престојувал во земјата, откако во ноември 2019 година властите го одбил неговото барање за азил. Тој на полицијата и бил познат за поврзаност со шверц на луѓе.

Tags: БриселнападШвеѓани
Next Post

Украина: Во руско гранатирање убиени двајца цивили во регионот Доњецк, погоден студентски дом во Славјанск, 32 напади во регионот Херсон

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија, Битола Широк Сокак

Дневен хороскоп со Анис – 15 април

April 15, 2026

Мицкоски за Груевски: Доколку се појави во Македонија, ќе оди во затвор

April 14, 2026

Мицкоски: СДСМ живее во свет на лаги и конструкции, реалноста ги демантира

April 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Анаис. Мо5тив, Прилеп

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никол Кидман сака да стане „death doula“ по смртта на мајка ѝ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретка небесна атракција: Кометата C/2025 R3 видлива со голо око над македонското небо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk