ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Албански медиуми: Макрон бил погрешно преведен; Албанија и Косово го осудија бомбардирањето на болницата во Газа

October 18, 2023 11:35
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Додека во медиумите беше објавено дека Франција го прекинува процесот на визна либерализација за Косово, прес-службата на Макрон  соопшти  дека прашањето за визна либерализација за Косово „останува отворено“, пишуваат косовските медиуми. По синоќешното бомбардирање на болницата во Газа, косовската претседателка Вјоса Османи го осуди нападот и апелираше да се заштитат невините. И албанскиот премиер, Еди Рама излез со осуда, и побара истрага за сторителите на бомбардирањето.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Газета Експрес: Лошо беше преведено, се што се случи вчера со изјавата на Макрон за либерализација на визите за Косово

Прес-службата на претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера реагираше по изјавата во врска со либерализацијата на визите за Косово.

Додека во медиумите беше објавено дека Франција го прекина овој процес, прес-службата на претседателот изјавува дека прашањето за визна либерализација за Косово „останува отворено“.

Во соопштението за медиумите се нагласува дека се работи за технички процес, каде Франција не може сама да се изјасни, туку прво мора да се консултира со своите европски партнери.

„Претседателот зборуваше за тензиите меѓу Србија и Косово. Тој кажа кои се нашите барања. Во овој контекст и имајќи ја предвид блокадата на Приштина, претседателот оцени дека прашањето за визната либерализација останува отворено. Покрај тоа, тоа е технички процес и дискусија што мора да се направи со нашите европски партнери“, соопшти Кабинетот на претседателот на Франција.

Макрон вчера за време на заедничката конференција со премиерот Еди Рама во Тирана изјави дека Франција може да го прекине процесот на визна либерализација за Косово, поради „непочитување на дадениот збор“, обвинувајќи го Косово дека не го одржал дадениот збор за формирање на Здружението.

Според француските медиуми, изјавата на Макрон била погрешно преведена од преведувачот и погрешно пренесена, пренесува Газета Експрес.

РТВ 21 – Османи за нападот на болницата во Газа: Да се заштитат невините, цивилите најмногу страдаат во секој конфликт

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, реагираше по нападот што се случи во болница во Газа, каде што животот го загубија стотици луѓе.

Османи преку објава на платформата Икс повика на заштита на невините, додавајќи дека цивилите се тие кои најмногу страдаат во секоја војна.

„Поразително е да се видат последиците по човечкиот живот со стотици цивилни жртви по бомбардирањето на болницата во Газа, вклучувајќи жени и деца. Невините животи мора да бидат заштитени. За жал, во секој конфликт најмногу страдаат цивилите“, напиша Османи, пренесува РТВ21.

РТК: ММФ бара Косово да го достави новиот Закон за банки до Собранието

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд предводена од Габриел Ди Бела ја посети Република Косово во периодот од 25 септември до 6 октомври 2023 година, за дискусии за првите ревизии на Договорот за напредна грижа (SBA) и Инструментот за издржливост и одржливост ( RSF), што Косово го има со ММФ.

„Именувањето на новиот гувернер на ЦБК и нормализацијата на раководните структури на ЦБК даде нов поттик за спроведување на реформите. Персоналот на ММФ очекува наскоро да биде одобрена новата регулатива за работа, која ќе ги разјасни одговорностите на Надзорниот одбор на ЦБК во однос на извршниот одбор и новиот Закон за банки да биде доставен до Собранието на почетокот на 2024 година“, се вели во соопштението на ММФ, пренесе РТК.

АЛБАНИЈА

Телеграфи: Рама го осуди бомбардирањето на болницата во Газа и побара истрага за сторителите

„Нема оправдување, под никакви околности, да се погоди болничката инфраструктура, цивилите и медицинските тимови. Изјавата на премиерот Нетанјаху дека овој масакр го извршил самиот Хамас е застрашувачка, но не е доволна вистината да се одвои од тврдењата на завојуваните страни. Затоа мора да се соберат сите можни факти и да се докаже авторството на овој страшен напад врз темелите на човештвото“, напиша на платформата Икс албанскиот премиер Еди Рама.

„Хамас е рак во телото на човештвото, но ова не е доволно за да ги затвориме очите пред ужасните слики од бомбардираната болница, ниту да се задоволиме со многу шокантната изјава на премиерот на Израел. Во оваа војна Албанија и целиот демократски свет е определен на страната на Израел, варварски погоден од суровоста на терористите од Хамас! Но, демократскиот свет мора да биде и гарант за вистината за стотиците и стотиците жртви на бомбардираната болница во Газа. Затоа, истрагата на фактите за изнесување на сторителите на ова масовно убиство и нивното казнување без никаква двосмисленост е неоспорна одговорност и неизбежна обврска на демократскиот свет кон целото човештво“, рече Рама, пренесува Телеграфи.

КОЛУМНА

Коха: Од крвавите полиња на Блискиот Исток до изборите во Швајцарија

„Во недела се одржуваат парламентарните избори во Швајцарија. Со оглед на толку многу кризи и војни – од Украина до Блискиот Исток – учеството на овие избори добива уште поголемо значење. Со поддршка на демократските политичари со агенда за интеграција, албанската заедница во Швајцарија може да даде важен придонес. За себе. За општеството. За демократската средина. Крвавите полиња на Блискиот Исток ни покажаа, особено во последните денови, колку е важно да се живее во безбедна држава, со функционални институции и со политичари кои ги земаат предвид општите, а не само конкретните интереси. Да живееш во земја каде што не треба да се плашиш од репресија, каде што уживаш во шансата да создаваш просперитет и каде што си еднаков пред законот и во светот на работата – ова е голема привилегија.“, пишува авторот Енвер Робели во колумната „Од крвавите полиња на Блискиот Исток до изборите во Швајцарија“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Шефот на турската дипломатија: Поддршката за „геноциден Израел“ не е во ничија корист

July 9, 2025

СДСМ: Морбидни обивнувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите

July 9, 2025

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk