ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кацаризација

October 19, 2023 15:43
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Се откачивме и од ова лето. Нѐ гореше, нѐ пржеше, ама си замина. Не можам да кажам дека ми е мила есента, затоа што нејзините бои некако ми го скиселуваат расположението. Облаците надвиснале како да имаат намера да го потопат светот, како да им досадила миризбата на нечовечност што им ја испорачува светот во висините. Има и по некој надежен ден, ама и тој со едното око гледа кон студенилото што надоаѓа. Ретко во кој двор се издига чад од печење пиперки или варење ракија. Овде се европеизираме начисто. Или нѐ европеизираа трговците, со цените  на зеленчуците од кои секоја година ја подготвувавме зимницата. Не сум сигурен дали се во до слух со некоја евро комисија, која нѐ подготвува за членство, ама ефектот го постигнаа. Ајвар сега се купува во маркет и така и треба  според евро-стандардите. Нека тежи таму на нивните рафтови, отколку  да стои на полиците во нашите подруми или тераси. Напредуваме и побргу на овој план од совладување на Копенхашките критериуми. Експертите по ЕУ политика ќе го објаснат тоа на дебатна емисија деновиве.

Идентитет си е идентитет и тогаш кога не го препознаваш. Нема веќе тегли, буриња и посебно нема КАЦИ за туршија. Ги нема каците во подрумите, ама целата општествена сцена си ја направивме каца за туршија.

За помладата генерација само да објаснам дека каците се дрвени садови со поширок долен и потесен горен дел. Тие не се затвораат со дупло дно како бочвите или бурињата, туку домаќинот туршијата прво ја притиска со венец од лозови гранки и одозгора става речен камен. Е дури тогаш се става дрвен капак кој дозволува по малку воздух да го помага процесот на скиселување на туршијата и е полесно за вадење на внатрешноста кога ќе затреба. И ништо да не напишам понатаму, сите асоцијации со нашата општествена, а посебно политичка состојба ви се јасни.

Во кацата се ставаат зелени плодови или оние што се на почетокот на зреење. Отприлика како нашите политичари на сите нивоа кои се на возраст на започната зрелост. Ако се смета дека тоа е дел од зелената енергија и еколошките политики тогаш ова може и да позитивен процес.

Е во внатрешноста на кацата се ставаат таквите недозреани продукти и на нив се сипува мешавина од киселина и вода. Водата треба да е превриена или изворска, а продуктите покрај својата зеленост мора и да се чисти или барем само партиски извалкани ако нема избор. Оној што го води процесот на кацаризација внимава кои зеленчуци ќе ги става на дното од кацата, а кои во погорниот дел. Важно е тоа поради распоредот на вадење од кацата и нивно полезно конзумирање. Некои трпат подолга кацаризација, а некои бргу се расипуваат, па нивната конзумација трае до Божик или Св. Јован. Тие малку поткиселуваат и ако е топла зимата и некаде се најдат слични зарзавати, лесно се заменуваат во кацата.

Не се за некој гурмански ручек, ама како мезе со една две домашни со најблиските добро послужуваат (по една со татко ми и сликата задолжително на ФБ). Оние подлабоките, а скоро секогаш се и поголеми се на долниот дел од кацата. Тие се вадат после Св. Спиридон некаде во втората половина на февруари и се веќе добро кацаризирани и си носат мешавина на вкус од сопствените квалитети и киселината во која се потопени. Кога се јадат малку ги собираат усните на корисникот, ама се добри како прилог кон главното јадење. Ако се лути, зелени и тоа везени пиперки, а згора и закиселени, се ставаат на софрата како доказ за задржаниот идентитет и традиција на домаќинот.

Последни се вадат главиците од дното на кацата. Не само што поради габаритот се вадат тешко, зошто ќе го растурат целиот ред во кацата, туку и затоа што кацаризацијата веќе одминала, па нивниот вкус е мешавина од горко кисело чувство. Некогаш при гладни години се вадат и да го заменат главниот ручек, зошто другата зимница е веќе при крај, а и долгата зима знае да ги потроши ресурсите на семејството. Има стискање на заби при јадењето на овие специјалитети, ама ретко кој се осмелува да каже дека баш и не му се угодни при јадењето. Некогаш тие и не се вадат, туку ако има доволно киселина во кацата се оставаат до следната есен за да не се исуши кацата. Ете така ми изгледа нашава политичка состојба скенирана  низ призмата на една обична каца која сѐ помалку се употребува во домаќинствата, ама стана објаснувачка рамка на нашиве состојанија. Таман за скрининг процесот што е започнат.

А за намерите ли требаше да пишувам? На елитата  политичка?  Па, сѐ ви напишав вие мои почитувани, читатели само размислете кој е домаќинот што ја подготвува внатрешноста на кацата и кој е оној што го запазува редот за вадење зелени домати, лути пиперки, зелка, мали дињи, посебно празни тиквички што го пополнуваат  просторот и останати зарзавати од нашава заедничка каца. Другото  си го знаете и без јас да ве потсетувам.

Извор: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Украинските сили ја преминаа реката Днипро во голем тактички напредок

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп објави крај на војната во Газа, пред посетата на Израел и Египет

October 13, 2025

Локални избори во Косово: „Српска листа“ ги освои сите десет српски општини; главните партии одат во втор круг

October 13, 2025

Фон дер Лајен в среда во Скопје, почнува тридневната турнеја низ Западен Балкан 

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk