ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Светска банка: Западен Балкан очекува зголемување на економскиот раст

October 19, 2023 15:53
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во 2024 година земјите од Западен Балкан може да очекуваат економски раст од приближно три отсто во просек, со намалување на стапката на инфлација, се вели во оценката на аналитичарите на Светска банка (СБ) објавена денеска.

Во редовниот шестмесечен извештај се наведува дека може да се очекува умерено забрзување на економскиот раст на Западен Балкан под услови во кои би следело натамошно закрепнување во Европската Унија, која е главен трговски партнер на регионот, додека пониската инфлација треба да придонесе за раст на расположливиот доход и да ја стимулира потрошувачката.

Највисок раст, со стапка од 3,9 отсто се очекува следната година во Косово, во Албанија е проектиран на 3,2 отсто, како и во Црна Гора, во Србија од три отсто и во Босна и Херцеговина од 2,8 отсто. Најдолу на листата е Северна Македонија со очекуван раст на бруто домашниот производ од 2,8 отсто.

Доколку се остварат овие прогнози, БДП на целиот Западен Балкан во 2025 година би требало да расте со просечна стапка од 3,5 отсто, при што Косово повторно ќе води, а Северна Македонија ќе остане на дното на листата, се наведува во анализата.

Годинава просечниот економски раст во регионот се предвидува на ниво од околу 2,5 отсто, а од СБ посочуваат дека и покрај тешкотиите има и умерено намалување на стапката на сиромаштија и отворање нови работни места.

Просечната стапка на вработеност во овој регион достигна ново историски високо ниво од речиси 48 отсто, а од средината на 2022 година до средината на 2023 година се отворени 103 илјади нови работни места. Според анализата, напредокот беше најсилен во Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Сепак, Светска банка предупредува дека регионот се соочува со недостиг на работна сила и дека тоа е еден од најзначајните проблеми наведени од бизнисмените. Заедно со решавањето на ова прашање, државите од регионот мора да ја забрзаат економската конвергенција со понапредните економии на Европа, како и зелената транзиција и да го зголемат обемот на инвестиции во зајакнувањето на отпорноста на природни катастрофи, вклучително и во земјоделството, според проценките на аналитичарите во Светската банка.

Tags: Западен БалканРастСветска Банка
Next Post

Анти – израелските демонстранти ја запалија синагогата Ел Хамам во Тунис

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk