ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Слободата на изразувањето е основно човеково право и гарант за нормален и достоинствен живот на луѓето

Среќен 10-ти роденден за СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Издржа безброј удари, се соочи со безброј предизвици, но опстана и остана еден од највидливите белези на македонскиот медиумски и општествен простор. Не им предвидувам помирна иднина, бидејќи ја нема за никого, но затоа, пак, потребни се медиуми како СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, за целото општество да се соочи со бурните настани и процеси пред нас. Светот е во постојана внатрешна борба меѓу силите со спротивставени вредности. Му посакувам на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ ДА ПОБЕДИ ВО БИТКАТА ЗА ЦИВИЛИЗАЦИСКИ И ЕВРОПСКИ ВРЕДНОСТИ.

October 20, 2023 16:18
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Објавено прво во СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Светот е во постојана внатрешна борба меѓу силите со спротивставени вредности. На едната страна се силите на авторитарно владеење, воинствени и геноцидни политики, експлоатација и дискриминација. На другата страна се силите на демократијата, прогресот по човечка мерка, и почитувањето на човековите права и слободи.

„Секој човек има право на слобода на мислење и изразување. Ова право ја вклучува и слободата да се застапува одредено мислење без никакво вмешување и да се бараат, да се примаат и да се даваат информации и идеи преку медиумите и без оглед на границите“ – Член 19 од Универзалната декларација за човековите права, Обединети нации, 1948 година.

Живееме во доба кога слободата на изразувањето, што ја подразбира и вклучува и слободата на медиумите, спаѓа во основни човекови права. Ова човеково право е дел од 30-те основни човекови права и слободи дефинирани со Универзалната декларација за човековите права пред 75 години.

Тоа е неделиво од сите останати човекови права, како што се вели во Член 30 од Декларацијата:

„Ниедна одредба од оваа Декларација не може да се толкува, како да и дава какво и да е право на некоја држава, групација или поединец да дејствуваат или да сторат некој акт со цел за рушење на правата или слободите предвидени со оваа Декларација“.

Значи, ова право е подеднакво важно како и правото на живот, достоинство, еднаквост, правда…

Нема држава во светот за која може да се каже дека е демократска, ако во неа се загрозени слободата на изразувањето и медиумските слободи. Безброј пати е повторено и треба да се повторува: Нема демократија без слободни медиуми. Земја без слободно изразување на мислата и ставовите на луѓето и нивно објавување во медиумите без последици од центрите на политичка или финансиска моќ – не е демократска.

Нема поединец или заедница, ниту народ и нација, кои можат да се надеваат на слобода, демократија, напредок во било која смисла на зборот – ако немаат интелектуалци, експерти, авторки и автори од најразлични области, новинарки и новинари, кои можат слободно да се изразуваат и своите ставови да ги пласираат во медиумите.

Затоа, пропагандата на антидемократските центри на моќта ги имаат медиумите на првите 100 места од својата листа на цели за инфилтрирање, заробување и уништување. Медиумите се место за информирање и општествена дебата, со одговорност пред јавноста и општеството во целост.

За жал, медиумите се исто така местото од каде што се дистрибуираат дезинформациите и пропагандата на радикалните, антидемократските и милитантните структури и инсталации во една земја. Затоа, секој ден и секоја минута, медиумите се во непрекината битка со пропагандните операции, но и со наивноста и недоволната (медиумска) писменост на луѓето.

Таа битка е и внатрешна, во самите редакции, но и во секој поединец кој работи во тие редакции. Тоа е битка на фактите и прогресивната мисла против незнаењето, примордијалните емоции, лагите и манипулациите.

Дали во една земја има слобода на изразувањето, најлесно може да се види за време на изборните процеси. Граѓанките и граѓаните на една земја не можат да гласаат слободно, без да имаат медиуми кои ќе им овозможат точна и навремена информација, без примеси на пропаганда и притисок од било кој вид.

Многу е едноставно: Луѓето не можат да живеат нормално без слободни медиуми. Слободните медиуми се услов за мир и ненасилно решавање на конфликти, преку дијалог и јавна дебата. Тие се услов за развој на демократијата, стабилноста и развојот на една земја.


Објавено прво во СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Слободен ПечатЏабир Дерала

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk