Во текот на викендот во Република Кипар по морски пат пристигнале 264 мигранти, во три одвоени случаи, пишуваат кипарските медиуми, повикувајќи се на информации од Министерството за внатрешни работи, јави дописничката на МИА од Атина.
Медиумите од островот коментираат дека е зголемен бранот бегалци и мигранти, нешто што предизвикува загриженост кај властите, но и дека постојат информации дека голем број луѓе планираат да тргнат кон Кипар.
Мнозинството од пристигнувањата, односно 224 од 264 лица, биле регистрирани во текот на вчерашниот ден.
Според информациите од надлежното министерство, станува збор за државјани на Сирија кои на Кипар пристигнале од Либан, а биле уапсени и десет лица под сомнение дека се криумчари.