ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Нападот во Бањска во центарот на дебатата во Советот за безбедност на ОН; САД бараат екстрадиција на напаѓачите; на повидок нова партија на Србите во Косово

October 24, 2023 10:40
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Настаните од 24 септември на северот на Косово, навлегоа во речиси сите дискусии на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, на кој беа упатени повици одговорните да се изведат пред лицето на правдата. Претставникот на САД во ОН, Роберт Вуд изјави дека „мора да има целосна одговорност“ според законот за лицата вклучени во нападот на Косово на 24 септември, односно, лицата кои заминале во трета земја треба да бидат екстрадирани и кривично гонети, пишуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

ВОА: Нападот од 24 септември во центарот на дебатата во Советот за безбедност за Косово

„Косово и Србија разменија обвинувања во врска со нападот на 24 септември на северот на Косово, кој, според српската премиерка Ана Бернабиќ, е резултат на „стравот и теророт што го практикува Приштина“, додека за косовската претседателка Вјоса Османи тоа е „акт на агресија“ на Србија.

Настаните од 24 септември навлегоа во речиси сите дискусии на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, на кој беа упатени повици одговорните да се изведат пред лицето на правдата.“, пренесе Гласот на Америка на албански јазик.

Балкан Веб – САД бараат екстрадиција на напаѓачите во Бањска: Мора да има целосна одговорност

Претставникот на САД во ОН, Роберт Вуд изјави дека „мора да има целосна одговорност“ според законот за лицата вклучени во нападот на Косово на 24 септември.

Лицата кои заминале во трета земја треба да бидат екстрадирани и кривично гонети“, рече американскиот претставник.

Од САД велат дека тесно соработуваат со Европската унија и партнерите во НАТО за да помогнат северно Косово – населено со мнозинство Срби – да биде мирно. Вашингтон ги повика страните да се вратат на дијалогот, подготвени „да преземат конкретни чекори напред“, пренесува Балкан Веб.

Клан Косова: Српска листа пред промени, на повидок нова партија на Србите

Србите во Косово наскоро ќе имаат нова политичка партија, која ќе дејствува во сите области населени со Срби на север и на југ од реката Ибер, со цел „да ги заштити нивните интереси“.

Станува збор за партијата Српско народно движење, која е основана како алтернатива на Српската листа, од Бранимир Стојановиќ, политички активист од југ и Милија Бишевац од северот на Косово.

Српската листа, која ја има поддршката од Белград, досега беше единствената политичка опција која функционираше во сите области населени со Срби на Косово, пренесува Клан Косова.

АЛБАНИЈА

ЈОЌ Албаниа: Тројца судски полицајци влегоа  во зградата на Бериша

Тројца службеници на правосудната полиција пред вчера  влегле во палатата на поранешниот премиер Сали Бериша.

Се дознава дека отишле уште еднаш да го известат за безбедносната мерка.Полицајците отишле пред два дена, но Бериша одбил да се сретне. Во известувањето на обвинителството дадено претходно, беше кажано дека Бериша ги сторил кривичните дела „Пасивна корупција на високи државни функционери или локални избраници“, во соработка со неговиот зет Јамарбер Малтези, пренесува ЈОЌ Албаниа.

КОЛУМНА

Епока е ре – Само перверзни умови произведуваат конфликт со реалноста: Косово како случај

„За време на овие години на меѓународно присуство, под неоколонијалистички и исламофобичен притисок, Косово културно се деалбанизираше и деисламизираше во опасна мера. Албанското општество во Косово мора да се врати на својата национална и верска рамнотежа. Со неоколонијалистички експерименти не се прави функционално и конкурентно општество. Впрочем, доколку ова општество уште повеќе се деалбанизираше и деисламизираше, неминовно би се вратило во нов процес на редефинирање на својот идентитет, каде главната карта би била неговата ре-сервис. Само изопачените умови не го гледаат фактот дека српскиот православен наратив за Косово е секогаш активен и многу вирулентен.“, пишува авторот Милазим Красниќи во колумната „Само перверзни умови произведуваат конфликт со реалноста: Косово како случај“, објавена во Епока е ре.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

July 9, 2025

Орце Ѓорѓиевски очекува победа во Скопје уште во првиот круг

July 9, 2025

Мрежата за заштита од дискриминација бара итно повлекување на Предлог-законот за верски училишта: Противуставен, правно неусогласен и опасен

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk