ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Мехмети: За жал, наместо да напредуваме, ние одиме назад, министерството за животна средина за 2023 година го има најмалиот буџет

October 24, 2023 13:01
in PMD, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

За жал, наместо да напредуваме, ние одиме назад. Од тоа што знаеме, министерството за животна средина, во буџетот за 2023 година го има најмалиот буџет, со 0, 7 отсто, каде што замислете, издвоениот годишен буџет за републичките инспектори за животна средина е смешни 4000 евра, вели Нгадњим Мехмети од Еко герила на петтиот панел на Зелен Цивил на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?

„Ова е потценувачки, со ова не може  ништо да се постигне. Најголемиот проблем тука е метастазирањето на културата на неказнивост во Македонија. Кога гледате како се третираат судски монтирани процеси, каде изгореа 14 луѓе, каде загинаа луѓе со автобусите, и ништо не се воведува… И потоа, да зборуваме за животна средина можеби е луксуз  во оваа земја. Проблемот е во големата слика дека метастазирањето на културата на неказнивост – не знаеме која онкологија може да ја спаси Македонија од овој рак.“, вели Мехмети.

Тој во кратки црти ја раскажа ситуацијата со грижата за градските површини од страна на надлежните институции во Тетово.

„Замислете, Тетово дваесет години нема ниту една цистерна за миење улици со вода. Ниту една, нула. Се користи некој ФАП од пожарникарската служба од седумдесеттите години. Врие од прашина по улиците, дваесет години ништо нема, зелени површини нема, буџетот е нула за инвестирање. И оние мали зелени јавни површини што се, во последните години локалната власт во соработка со урбаната мафија, ги затвори очите пред сите нас, зелените површини да се рушат, да се бетонизира, да се претворат во паркинзи кои според закон за изградба на објекти, се предвидува колку паркинзи треба да има. Кога се даваат дозволите, на хартија ги имаат, а во пракса не се спроведува, па така се жртвуваат зелените површини за бетонизирање и на таа мала јавна зелена површина.“

Мехмети ги спореди другите општини во однос на општина Тетово, за големината на  зелените површини.

„Ако градскиот парк во Скопје има околу сто и триесет илјади метри квадрати зелена површина, ако Битола има околу 92,000, и Струмица околу осумдесет и пет  илјади, во Тетово имате смешни осум илјади квадратни метри само еден парк“, посочува Мехмети.

Локалната власт, исто како централната, се бави со популизам, ништо не мрднува од место, и проблемот со животната средина во однос на економските проблеми на граѓаните им изгледа како луксуз, вели Мехмети во однос на тоа дали се гледа некакво решение во иднина.

Панелот се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Зелен ЦИВИЛ и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“ што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

М. Д. / Цивил Медиа

Tags: „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“Зелен форумЗелен Цивил
Next Post
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Османи: ОБСЕ има витална улога во градењето капацитети за справување со предизвиците во сајбер безбедноста

EVN

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Драма во англискиот фудбал: Кој се враќа во Премиер лигата, а кој гигант е на раб на амбисот?

April 18, 2026
Фото: ТАВ Аеродроми

Николоски: Скопскиот и Охридскиот аеродром лидери во регионот

April 18, 2026
Илустрација Фронтлајн

Цените на нафтата во нагол пад: Иран го отвори Ормускиот Теснец за време на примирјето

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казино туризам – мирис на скап парфем и пропаст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk