ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Група од 76 европратеници бараат итен прекин на огнот во Газа

October 27, 2023 11:47
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 76 европратеници испратија заедничко писмо до лидерите на Европската комисија и Советот на ЕУ со кое бараат од нив „да се заложат за итен прекин на огнот“ во Газа за да се овозможи хуманитарен пристап до цивилното население.

– Ви се обраќаме со ова итно писмо со цел да ја изразиме нашата најголема загриженост во врска со хуманитарната ситуација во Газа и да ве повикаме на вашата должност да преземете итна акција на ЕУ со цел да се спречи катастрофа, се наведува во писмото адресирано до претседателите на Европскиот совет и на Еврокомисијата, Шарл Мишел и Урсула фон дер Лајен и до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Во писмото, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се апелира на „отстранување на целосната блокада“ и „непречен хуманитарен пристап“ до Газа.

– Ние долупотпишаните членови на Европскиот парламент, очекуваме од Вас, како претставници на ЕУ, да преземете решителна акција за заштита на човечките животи и меѓународното хуманитарно право, се заклучува во писмото потпишано од 32 европратеници од групата на Зелените, 19 од групата Левица, 13 од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), деветмина од либералната група Да ја обновиме Европа и шестмина членови на ЕП кои не се членови на ниту една од пратеничките групи.

Во заклучоците од Самитот на ЕУ, што вчера и денеска се одржува во Брисел, во делот за случувањата на Блискиот Исток се посочува дека Европскиот совет ја повторува својата изјава од 15 октомври за „најсилно можно изразување на осуда на Хамас за неговите брутални и неселективни терористички напади низ Израел“ и се додава дека „употребата на цивили како жив штит од страна на Хамас претставува особено жално злосторство“.

– Европскиот совет силно го нагласува правото на Израел да се брани во согласност со меѓународното право и меѓународното хуманитарно право. Советот го повторува својот повик до Хамас веднаш да ги ослободи сите заложници без никакви предуслови. Европскиот совет ја повторува важноста да се обезбеди заштита на сите цивили во секое време во согласност со меѓународното хуманитарно право и изразува жалење за сите загуби на цивилни животи. Европскиот совет ја разгледа состојбата на теренот и ги следи различните насоки на дејствување, вклучително и заедничките напори за помош на граѓаните на ЕУ, се додава во заклучоците.

Во делот од документот поврзан со хуманитарната состојба во Газа, Европскиот совет изразува „сериозна загриженост за влошувањето на хуманитарната ситуација“ и повикува на континуиран, брз, безбеден и непречен хуманитарен пристап на помошта до сите оние на кои им е потребна „преку сите неопходни мерки, вклучувајќи и хуманитарни коридори и хуманитарни паузи“.

Во заклучоците се додава и дека ЕУ тесно ќе соработува со партнерите во регионот за да ги заштити цивилите, да обезбеди помош и да го олесни пристапот до храна, вода, медицинска нега, гориво и засолниште, обезбедувајќи таквата помош да не биде злоупотребена од терористичките организации.

– Европскиот совет потсетува на потребата да се избегне регионална ескалација и се ангажира со партнерите за ова прашање, вклучително и со палестинската управа. Европската Унија е подготвена да придонесе за заживување на политичкиот процес врз основа на решението за две држави, вклучително и преку напорите за Денот на мирот и ги поздравува дипломатските иницијативи за мир и безбедност и го поддржува претстојното одржување на меѓународната мировна конференција. Европскиот совет ја нагласува потребата за борба против ширењето на дезинформации и илегални содржини и ја нагласува правната одговорност на платформите во овој контекст, се додава во делот од заклучоците од Самитот на ЕУ во врска со настаните на Блискиот Исток.

Tags: ГазаЕПпрекин на огнот
Next Post

Салах го собори рекордот на Анри, стана играч од Премиер лигата со најмногу постигнати голови во европските натпреварувања

EVN

НАЈНОВО

Мицкоски: 300 компании се предвидени да бидат поддржани со овие грантови во вкупен износ од 25 милиони евра

January 27, 2026

Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

January 27, 2026
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Анкета во Унгарија: Опозициската Тиса убедливо пред Фидес, се тресе ли „тронот“ на Орбан

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk