„Нашата држава се вбројува меѓу првите пет земји од НАТО алијансата, по глава на жител, кои донирале опрема и вооружување на Украина. Околу 16 отсто од буџетот за тековната година е вкупната сума на донирани средства, што е голема бројка“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во „Клик плус“ на ТВ21.
Таа додаде дека два аспекта се клучни за донирањето, прво е опремата да ѝ биде потребна на Украина, а второто е донирањето да не ја нарушува безбедностната готовност на Армијата.
„Барањата се доставуваат директно од украинската страна, преку нивната амбасада. Тие се класифицирани, а во моментов се прави анализа што понатаму може да донираме врз основа на нивното последно барање“ рече Петровска.