ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Израел и Палестина „јаболко на раздорот“ во политиката на Северна Македонија

October 28, 2023 13:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како и за многу други прашања, политичките партии во Северна Македонија имаат различни позиции и за војната меѓу Израел и Палестина. Иако мнозинството се против терористичките напади на Хамас, има и такви кои го критикуваат Израел за етничкото чистење на Палестина.

Двете најголеми политички партии во земјата, владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, иако имаат дијаметрално спротивни разлики во однос на евроинтеграцискиот пат на Северна Македонија, во однос на војната меѓу Израел и Палестина, имаат слични позиции.

Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски

– Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме. Апелираме за решенија преку дијалог, на светот му е потребен мир, се вели во објава на премиерот и лидер на СДСМ – Димитар Ковачевски на социјални мрежи.

„Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме. Апелираме за решенија преку дијалог, на светот му е потребен мир“, стои во објавата на Ковачевски.

Иако од опозициската ВМРО ДПМНЕ побаравме став во врска со војната меѓу Израел и Палестина, од нивниот одговор, освен што го поддржуваат Израел, другиот дел од соопштението е посветен на Владата и на претседателот на државара.

Од друга страна, за разлика од тоа што одговара ВМРО ДПМНЕ, владата на Северна Македонија, од почетокот на нападите на Хамас врз Израел, ги окарактеризира како терористички акти, усогласувајќи се со САД и многу други демократски земји кои ги осудуваат терористичките акции на Хамас.

Поради коректноста и професионалниот пристап на „Фронтлајн“ го објавуваме целосниот одговор на опозициската партија ВМРО ДПМНЕ.

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева пренесувајќи го партискиот став, во изјава за „Фронтлајн“ вели дека во време кога светот и Македонија застануваат и даваат недвосмислена поддршка за Израел и ги осудуваат терористичките напади на Хамас, висок началник во Министерството за внатрешни работи дава јавна поддршка на нападите на Хамас врз Израел.

– Цениме дека е потребно да се побара став од власта за ова прашање, од Спасовски, Пендаровски и Османи дали ќе го осудат и ќе се оградат од нивниот поддржувач кој има вакви ставови? Видовме и како околните држави праќаа чартер летови, праќаа летови во Израел, каде што беше јасна агресијата на терористичката Хамас врз недолжното население во делот на државата Израел, и навистина тоа е напад без преседан, кога гледате како цивили долго време се држат како заробеници и како цивили буквално страдаат под налетот на овие терористи, околните држави си се снајдоа си испратија чартер летови, државјани на Црна Гора, на Србија на Хрватска, на Босна и Херцеговина, а за жал нашите сограѓани немаше со денови кој да ги донесе, изјави Митева за „Фронтлајн“.

Ултранационалистичката Левица на Димитар Апасиеви ги оправдува терористичките акции на Хамас, притоа наведувајќи дека во Палестина се врши етничко чистење од страна на Израел.

Левица смета дека се врши етничкото чистење и геноцидот врз Палестинците и, како што велат, тоа не смеат да го премолчуваат.

– Левица изразува солидарност со палестинскиот народ, но и со сите невини и цивилни жртви од двете страни како резултат на нападите и последица на неразумното користење прекумерена воена сила од страна на Израел во конфликтот со Хамас. Од страна на нашите пратеници ќе биде поднесено Декларација во Собранието на Република Македонија, и претставувајќи го мислењето на огромен дел од македонскиот народ, побараме од Собранието да заземе поинаков став од оној на Владата, кој инспириран од западноцентристичките политики, поддржува очигледни воени злосторства, се вели меѓу другото во партиската реакција на Левица.

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, ги осуди нападите на Хамас врз Израел.

„Продолжува нашата целосна солидарност со Израел, овие акти на терор мора веднаш да престанат“, напиша Османи на социјалната мрежа „Икс-X“.

За разлика од Бујар Османи, пратеникот и претседател на партијата „Попули“ (Народот), Скендер Реџепи Зејд, има поинаков пристап кон војната меѓу Израел и Плестина. Но тој нагласува дека неговите ставови се лични, и дека не се ниту како лидер на партија, ниту како пратеник.

– Моите објави и изјави поврзани со израелскиот државен терор врз невиното палестинско население, не се направени ниту во својство на партиски лидер, ниту во својство на пратеник, туку едноставно во својство на човек и родител со совест и чувство на болка од убивањето и масакрот на децата, убивањето на детските соништа од нивната иднина. Бидејќи јас по природа сум против насилство без разлика против кого се користи, го кренав гласот и против убиствата на невини израелски цивили. Но, овде не можеме да прави паралела на еднаквост меѓу двата народа затоа што имаме работа со окупатор и окупиран, со народ кој ги живее сите слободи и придобивки во време кога на другиот му се ускратуваат дури и основните човекови права, едноставно си имаме работа со два различни света каде жртва е само палестинскиот народ, изјави Реџепи за „Фронтлајн“.

Тој нагласува дека со убивањето на палестинските деца е убиена и совеста и човечноста на цивилизацијата, сенката на нивната крв ќе тежи на душите на целиот свет.

Дестан Јонузи

Next Post

Повредени десет полицајци во судир со затвореници при претрес во Идризово

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk