„Работите навистина се менуваат на подобро затоа што она што го гледаме е вистинска динамика во процесот на проширување. Сакаме Западен Балкан да се приклучи кон ЕУ, а за тоа треба и вие и ние да се подготвиме. Добро е што сега започна конкретна дискусија во ЕУ што треба ние да направиме ние за да бидеме подготвени, кои се прашањата кои се отворени и кои се одговорите кои треба да ги дадеме. Ова не беше случај во текот на минатиот мандат, во овој мандат значително се промени нешто и работите стануваат конкретни, вели претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен по денешната средба во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски, одговараќи на прашањето – Дали во ЕК веќе се разгледува француско-германскиот предлог за реформа на ЕУ и дали 2030 година со оглед дека претстојат европските избори е достижна за ваква реформа за Унијата?
Таа додаде дека процес на проширување на ЕУ се заснова на заслуги и никој не мора да чека одреден датум, може да бидете и побрзи
„Затоа мојата молба и охрабрување за движење напред во различните држави од Западен Балкан, затоа што ова е навистина прозорец на можности којшто сега е отворен. Овој процес не е толку строг, тој се заснова на заслуги и никој не мора да чека одреден датум, може да бидете и побрзи. Колку е подобар процесот на реформи толку побрзо ќе дојде можноста за пристапување и тоа е важно. Има прозор на можности кој е отворен и ајде заедно да го искористиме“ истакна фон дер Лајен.
Во врска со уставните измени пред кои е исправен македонскиот Парламент, Фон дер Лајен нагласи дека и сите партии имаат одговорност за иднината на државата. Северна Македонија е суверена држава која ги прави сопствените избори, рече Фон дер Лајен.
„Изборот е ваш. Северна Македонија е суверена држава која ги прави сопствените избори И затоа навистина се надевам дека сите страни, партии ќе го искористат тој момент и ќе ги поддржат уставните измени. Се работи за вашата иднина, за вашиот избор и сите партии имаат одговорност за иднината на Северна Македонија. Ние сакаме Северна Македонија да биде членка на ЕУ и се надевам дека токму поради тоа движењето напред ќе биде добро и ќе биде поддржано од широко мнозинство“.
Ј. Ѓ.