Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се сретна претставничките на Здружението „Иницијатива за жени на Шуто Оризари“. На средбата се разговараше за воспоставување на поголема соработка на релевантните институции вклучително и Министерството за труд и социјална политика со цел унапредување на правата на жените Ромки.
Целта на Здружението „Иницијатива за жени на Шуто Оризари“ е да биде водечка женска ромска организација која ќе ја застапува, омоќнува и едуцира млади девојки и жени Ромки да ги остваварат социјални, економски и здравствени права, без дискриминација, а истовремено обезбедува и нуди информации, социјални услуги и правна помош кон остварување на нејзините права.
На средбата беше иницирано потпишување на меморандум во делот на проект кој го воспоставува Здружението со поддршка на UNFPA канцеларијата во Скопје во делот на поддршка на жени жртви на родово базирано насилство и зајакнување на капацитетите на институциите како и подигање на свеста за истото прашање.
Тренчевска ги поттикна претставничките во рамки на проектот да се зајакнат себеси и да чекорат кон патот на лиценцирање на нивното здружение како даватели на услуги. Потенцирајќи дека таа лично работи на концептот Едно општество за сите од 1997 година и дека лиценцирањето на здружение чии претставници се од Ромската заедница ќе ги доближи повеќе услугите до жената Ромка. Меѓутоа таа истакна дека на таков начин ќе се зацврсти довербата на жените од сите малцински групи во давателите на услуги.
„Само преку заедничка работа, вклучувајќи ги сите заедници можеме да одговориме на потребите на сите граѓани во државата“ рече Тренчевска.