ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Две француски деца се убиени во северниот дел на Газа, десетици луѓе загинаа во израелските напади врз Џабалија

October 31, 2023 23:02
in BREAKING NEWS, ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Две француски деца се убиени во северниот дел на Газа, соопшти вечерва француското Министерство за надворешни работи, пренесува Си-Ен-Ен. Француското МНР не даде повеќе детали за тоа како биле убиени, но рече дека нивната мајка и третото дете се ранети.

Во соопштението, Министерството рече дека „не е во позиција да ја провери ситуацијата на семејство“ бидејќи тие не можат да стапат во контакт со нив на терен.

Француското Министерство го повтори барањето на „странците и особено на француските граѓани“ да им се дозволи веднаш да излезат од Газа, за време на хуманитарната пауза.

Десетици луѓе загинаа во израелските напади врз Џабалија на северот од Појасот Газа, пренесе ДПА повикувајќи се на израелски и палестински извори.

Израелската армија соопшти дека копнените трупи убиле околу 50 терористи.

Лекар од болницата Камал Адван во северниот дел на Појасот Газа изјави дека најмалку 35 лица загинале, меѓу кои и деца и жени. Покрај тоа, повеќе од 200 повредени лица се примени во болница, изјави Хусам Абу Сафија за ДПА.

Израелската војска соопшти за „напад од големи размери“ врз „воено упориште“ на Хамас во западниот дел на градот, велејќи дека тоа било користено за обука на терористи.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во нападот користеле и авиони.

Во нападот се урнале и тунелите под зградата.

Според ИДФ, во нападот бил убиен командантот на Хамас Ибрахим Биари, кој наводно бил вклучен во масакрите во израелската погранична област на 7 октомври.

Хамас имал контрола над цивилните згради во областа, соопшти ИДФ, додавајќи дека армијата го повторила својот повик до жителите на Газа да заминат на југ.

Ј. Ѓ.

Tags: Газаизраел
Next Post

Ако не поминат уставните измени, за прв пат си ставаме самите на себе вето на патот кон ЕУ

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk