ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Интерпелацијата на Јовески и предлогот за избор на член на ДИК на пленарна седница

November 2, 2023 09:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На денешната 129. собраниска седница, меѓу точките на дневниот ред се Предлогот за интерпелација за работата на државниот обвинител Љубомир Јовески, поднесен од пратеници од опозицијата, како и Предлогот за избор на член на Државната изборна комисија.

Интерпелацијата на Јовески е ставена како 13-та точка на дневниот ред на седницата.

Предлагачите на интерпелацијата објавена на собраниската веб страна – Африм Гаши, Изет Меџити, Кастриот Реџепи, Мерита Колчи Коџаџику, Сафије Садики Шаини, Фадил Зендели и Хусни Исмаили посочуваат дека таа се засновува на сериозните тврдења дека од страна на Обвинителството се сокриле факти и информации во текот на целата постапка, се покренува обвинение за трети лица наместо да се утврдат главните виновници, со цел, како што велат, да бидат заштитени одредени политичари и припадници на бизнис елитите, кои што биле вклучени во изградбата на модуларните болници за време на пандемијата.

-Доколку јавниот обвинител не го докаже спротивното, дека не се сокриени факти и дека не е извршено влијание врз постапка за политички и лични цели, тогаш овие сериозни нарушувања сносат одговорности, се вели во предложената интерпелација за за работата на државниот обвинител Љубомир Јовески.

На истата седница како 15-та точка е ставена и Предлог одлуката за огласување избор на член на Државната изборна комисија. По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК кое треба да биде пополнето со претставник од опозицијата.

Пратениците ќе расправаат и за Предлог одлуката за објавување на јавен оглас за избор на претседател и членови на Антикорупциската комисија, чиј мандат истекува во февруари.

На дневен ред на денешната седница се и Предлог на одлуката за именување член на Комисијата на Агенцијата за пошти, Предлог на одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Советот за статистика на Република Северна Македонија, Предлог на одлуката за именување на претседател и член на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Предлог на одлуката за именување на член на Државната комисија за жалби по јавни набавки, Предлог на одлуката за именување на претседател и членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Предлог на одлуката за разрешување член на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Северна Македонија, Предлог на одлуката за објавување на јавен оглас за именување на директор на Агенцијата за квалитет во високото образование, Предлог на одлуката за објавување јавен оглас за именување членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации,… и други предлог-одлуки.

На оваа седница пратениците ќе расправаат и за предлог одлуките за именување на претседател и членови на одборите за доделување на државните награди „Мајка Тереза”, „Св. Климент Охридски”, „Мито Хаџи Василев Јасмин”, „22 Ноември”, „Мето Јовановски”, како и на државната награда „23 Октомври”.

Tags: ДИКЈовескипленарна седница
Next Post
Фото:Скриншот

ЗНМ, ССНМ, СЕММ се залагаат за медиумски интегритет: коментар на вчерашната епизода од „Само Вистина“

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk