Полициски службеници вчера привеле струмичанец откако при претсресот во неговиот дом пронајдена и одземена е марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Вчера во 06:00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.И.(19) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, наведуваат од Министерството.
Како што посочуваат од МВР, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.