ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба на Пендаровски со Вадефул, заменик претседател на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ и шеф на германската делегација во Парламентарното собрание на НАТО

November 2, 2023 12:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска го примил Јохан Вадефул, заменик претседател на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ и шеф на германската делегација во Парламентарното собрание на НАТО.

Актуелните политички случувања во земјава во контекст на македонските аспирации за членство во Европската Унија, како и состојбите во поширокиот регион, биле темите за кои разговарале Пендаровски и Вадефул, соопштија од Кабинетот на претседателот на државата.

Во тој контекст, претседателот Пендаровски изразил очекување за натамошна силна германска поддршка за процесот на пристапување кон Европската Унија и посочил дека забрзувањето на интегративните процеси е во интерес на политичката, безбедносната и економската стабилност на целиот регион и на европскиот континент.

Претседателот Пендаровски и Вадефул ја потенцираа потребата од спроведувањето на неопходните суштински реформи во сите сфери од важност за непречено одвивање на пристапните преговори. На средбата стана збор и за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Германија и партнерството во НАТО, при што беше констатирано дека двете држави во континуитет градат пријателски и партнерски односи и остваруваат интензивен политички дијалог, се вели во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

Tags: ВадефулПендаровскисредба
Next Post

Собранието не го прифати предлогот на Владата за носење на законот за амнестија по скратена постапка

Најново

ЦИВИЛ: Профитот не вреди колку животот

April 28, 2026
Фото: СКРМ

Уметниците на улица: „Кога гасите уметници – го гасите светлото“ – Протест пред Уставниот суд на СКРМ

April 28, 2026

Уставен суд: Се оценуваат актите, а не придонесот на уметниците – сè уште нема конечна одлука

April 28, 2026

ВЛЕН се трансформира во единствен политички субјект – „процесот е неповратен, доаѓа ново време на политичката сцена“

April 28, 2026

Црн биланс на работните места: 31 жртва во несреќи при работа во текот на 2025 година

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk