ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Реакција на МНР во врска со набавката на возила за Министерскиот Совет на ОБСЕ

November 3, 2023 19:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во врска со набавката за возила за потребите на високите делегации кои ќе пристигнат во земјата за Министерскиот Совет на ОБСЕ и во интерес на вистината замолуваме вашиот медиум интегрално да ја пренесе нашата реакција во однос на сите шпекулации кои се појавија во однос на оваа набавка.

Не е точно дека Министерството ќе потроши преку 900.000 илјади евра како што се тврди во медиумите за изнајмување на возила. Станува збор за рамковен договор а од понудувачите е побарана цената да биде дефинирана за изнајмување по ден и по возило. Ова значи дека само откако ќе се исцрпат сите домашни институционални капацитети и достапни возила, ќе се изнајмат одреден број возила кои недостасуваат. Министерството интензивно планира и обезбедува возила од институциите, но заради стандардите кои се предвидени од ОБСЕ, нужно е да има резервна опција доколку истите не се обебзедат. Согласно досегашната анализа, веќе половина од потребните возила се потврдени и ќе бидат обезбедени од институциите, што значи дека ни одблиску нема да се потроши планираниот буџет од Рамковниот договор. Предвидувањата се дека нема да се потроши ни половина средства од финансиската рамка.

Понудените цени се цени кои ги дефинира понудувачот. Заради ниската достапност на возилата со потребната спецификација во толкав број, веројатноста цената на истите да биде повисока во понудата е очекувана. Наша цел е да обезбедиме што повеќе возила од институциите и на тоа интензивно се работи, но апсолутно е нужно да имаме поддршка од професионална компанија за оној дел кој ќе недостастува. Станува збор за возила со специфични карактеристики, опрема и перформански кои институциите ги немаат во доволен број, покрај ВИП возилата, ескортни   возила, мини ван возилата и автобуси.

Министерската Конференцијата на ОБСЕ преставува најголемиот надворешно – политички настан што било кога е организиран во земјава. Се очекува во Скопје да пристигнат над 70 делегации со приближно 1000 чкенови на делегациите на највисоко ниво, но и дополнително високи претставници од бројни меѓународни организации. Сметаме дека е недозволиво да не се исполнат стандардите и да не се одговори на обврските кои произлегуваат од обврските за организирање на ОБСЕ  Министерскиот совет.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: МНРОБСЕреакција

НАЈНОВО

Димитриеска Кочоска: Секоја година ќе враќаме по една еврообврзница издадена од претходната влада, тоа е наследството што го сервисираме

July 2, 2025

Жена нападната од мечка на шумски пат во тетовско Синичане

July 2, 2025

Во тек транспортот на предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одамна мртов сателит на НАСА емитува силен радио сигнал, збунувајќи ги астрономите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk