ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинските сили го ракетираа бродоградилиштето Керч на окупираниот Крим каде што бил стациониран еден од најмодерните бродови на руската морнарица

November 5, 2023 14:57
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Кијив Пост

Фото: Кијив Пост

Share on FacebookShare on Twitter

Украина информираше дека на 4 ноември  нејзините сили нападнале бродоградилиште во пристанишниот град Керч на источниот брег на полуостровот Крим, анектиран од Русија, објави Кијив Пост.

Што велат украинските извори?

„Вечерта на 4 ноември, вооружените сили на Украина извршија успешни удари врз поморската и пристанишната инфраструктура на бродоградилиштето Залив во привремено окупираниот Керч“, соопшти Телеграмскиот канал на Центарот за стратешки комуникации на вооружените сили на Украина.

Командантот на украинските воздухопловни сили Микола Олешук на Телеграм напиша дека на блодоградилиштето бил стациониран еден од најмодерните бродови на руската морнарица – брод способен да носи моќни суперсонични ракети „Калибр“.

Кои проектили биле користени?

Олешчук навести дека вооружените сили на Украина користеле крстосувачки ракети SCALP (француската верзија на британските ракети Storm Shadow), кои биле лансирани од украински воени авиони.

„Браво, како да работеле со СКАЛПЕЛ! Олешчук објави на својот Телеграм.

Тој истакна дека украинската војска „чека официјална потврда за резултатите“ од нападот.

Неколку часа подоцна, утрото, на 5 ноември, Олешчук напиша дека може официјално да „потврди“ дека се случил инцидентот.

Што рекоа гувернерот на Крим инсталиран од Кремљ и Министерството за одбрана?

Гувернерот на Крим, поставен од Русија, Сергеј Аксјонов изјави дека Украина претходно истрелала проектили врз бродоградилиштето во Керч, но дека истите биле соборени.

„Дел од остатоците од соборените проектили паднаа на територијата на еден од сувите докови. Нема жртви“, рече тој на социјалните мрежи.

По 00:00 часот по московско време, руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот бил извршен со 15 проектили, од кои 13 биле соборени.

„Како резултат на напад на непријателска крстосувачка ракета, брод во фабриката е оштетен“, се вели во извештајот, цитиран од РИА Новости.

Сепак, не е објавено кој брод е оштетен.

Некои украински извори тврдат дека бројот на проектили бил многу помал. Според украинскиот воен известувач Андреј Цаплиенко, биле соборени два проектила, а уште два ја погодиле целта.

Залив стои како едно од истакнатите бродоградежни претпријатија во Источна Европа, каде што изградбата на бродови за руската морнарица е во тек од 2020 година.

Откако ја започна својата контраофанзива против силите на Москва во летото 2023 година, Кијив ги засили нападите на полуостровот на Црното Море, кој Русија го зазеде во 2014 година.

Во септември, успешен напад од страна на вооружените сили на Украина беше насочен кон седиштето на Црноморската флота во Севастопол, заедно со фабриката за поправка на бродови во Севастопол. Како резултат на тоа, два руски брода претрпеа оштетувања за време на овој инцидент.

Подготви: Марта Пешевска

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Tags: бродоградилиштеКремљракети
Next Post
Бранко Тричковски

Фасцинација со насилството

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk