ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи на работен состанок со Делегацијата на германското стопанство: Усогласувањето со европската регулатива ќе создаде додадена вредност за економијата

November 6, 2023 14:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Вицепремиерот Битиќи, денеска одржа работен состанок со претставници на Делегацијата на германското стопанство (АХК) во земјава, на кој се зборуваше за повеќе теми и прашања, а кои се поврзани со унапредувањето на деловното работење на германските компании.

На состанокот се зборуваше околу потребата за хармонизација на царинската регулатива со таа на Европската Унија (ЕУ), при што беше оценето дека е од голема важност за понатамошно олеснување на работењето на извозно ориентираните производствени компании.

„Создавањето на инклузивно и динамично деловно опкружување кое ќе води кон одржлив економски раст и развој, бара конзистентно следење, односно усвојување на европските стандарди и регулативи во делот на царинските тарифи. Хармонизацијата со европските царински тарифници во делот на основните суровини кои се употребуваат во производството, може да ослободи додадена вредност во нашата економија“, рече вицепремиерот Битиќи.

Либерализацијата на пазарот на работна сила, беше уште една од темите за која стана збор на работниот состанок со претставниците на дел од германските компании кои имаат инвестирано во земјава, при што вицепремиерот Битиќи посочи дека Владата ја препознава оваа потреба со која се соочуваат како домашните така и странските компании, за што донесе и одлука да ја зголеми квотата на работни дозволи за странци.

„Со цел олеснување  на пристапот на домашните и странските компании во земјава до квалификувана работна сила која ќе може веднаш да се вклучи во производството, Владата на претходната седница донесе одлука за зголемување на квотата на работни дозволи за странци од 5.000 на 7.000 дозволи“, информираше вицепремиерот Битиќи, притоа истакнувајќи ја подготвеноста преку дијалог со стопанството да се продолжи во насока на понатамошно олеснување на достапноста на квалификувана работна сила и олеснување на процедурите.

Вицепремиерот Битиќи ја истакна важноста од водењето на отворени и конструктивен дијалог преку работни средби, како оваа што се одржа со АХК, со странските компании кои имаат инвестирано во земјава, затоа што, како што оцени тој, тоа води кон поттикнување на економскиот раст и развој и создавање на можности за достоинствено платени работни места.

Tags: Битиќигерманското стопанствоекономија
Next Post

Времето повторно (не) работи за нас

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

November 15, 2025
Фото: Фронтлајн / Ј. Ѓорѓиоски

(ФОТО и ВИДЕО) Илјадници скопјани на Маршот за ангелите со поддршка за родителите на загинатите во Кочани

November 15, 2025
Фото: Скриншот, видео јутјуб

Контроверзната книга за синот на норвешката принцезата останува во продажба

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk