„Јас не мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ако евентуално дојде на власт, за што се сомневам, има никаков коалиционен капацитет. Влезена е во полулатентни, полуотворени структури на тоа нивно фамозно антиалбанство, само за македонскиот блок да го блокираат“, изјави политичкиот аналитичар и колумнист на „Фронтлајн“, Ненад Јовановиќ, во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24.
Тој смета дека десницата во Македонија сè гледа низ призма на непријателство и завера.
Јовановиќ не верува во нивниот политички капацитет дека искрено се залагаат за пријателство и решавање на билатералните спорови.
„Не верувам дека сериозно и искрено Мицкоски има желба да го придвижи процесот во некоја релативна иднина, тој да биде условно „вториот Заев“ кој после договорот со Преспа, ќе го реши договорот со Бугарија“, заклучи Јовановиќ.