ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прва „блокада“ од Грција за почеток на преговорите на Албанија со ЕУ

November 12, 2023 11:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Грција ја постави првата блокада на патот на Албанија кон ЕУ, јавија албанските повикувајќи се на грчките медиуми.

– Грција не се согласи со писмото на 27 земји членки на ЕУ за отворање на првите поглавја со Албанија.  Можна причина за ова е апсењето  на градоначалникот на Химара, Фреди Белери,  кој е етнички Грк по што Атина обвини дека неговите права се кршат, додаваат медиумите.

Според Катимерини, ваквиот развој на настаните претставува разделба на Северна Македонија и Албанија на заедничкиот европски пат.

Атина ќе го преиспита својот став, само доколку Тирана преземе чекори со кои ќе покаже дека има простор за дискусија, се потенцира во текстот на Катимерини. Грција инсистира Белери да добие шанса за заклетва за градоначалник, барање кое албанските судови досега го одбиваа.

На 22 овој месец е следното рочиште на кое ќе му се суди за купување на гласови. Случајот е нотиран и во извештајот на европската комисија како сериозен проблем кој ги комплицира грчко-албанските односи.

Белери беше уапсен два дена пред локалните избори, што во Албанија се одржаа на 14 мај, по сомнение за „изборна корупција”.

Иако во затворски притвор, тој беше реизбран за градоначалник на приморското гратче Химара, главно населено со припадници на грчкото малцинство.

Барањата да биде ослободен за да даде заклетва и да ја обавува градоначалничката функција му беа одбиени од сите судски инстанци.

Официјална Атина во континуитет бара негово ослободување, оценувајќи дека неправедно е уапсен и се закани со блокирање на Албанија на евроинтегративниот пат.

Албанскиот премиер Еди Рама во неколку наврати изјави дека „не се меша во работите на независното судство”.

Извор: МИА

Tags: АлбанијаблокадаГрцијаЕУ
Next Post

ЕК: Напредок во однос на трансплантациите, заостанување во финансирањето за ретки болести и скрининг за рак

НАЈНОВО

Концертна промоција на албумот „Afro Gitano“ на 8 ноември во Јавна соба

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Кои се најстарите суштества што живеат на Земјата

November 5, 2025

Канада најави огромни воени трошоци: 81,1 милијарди долари за зајакнување на вооружените сили

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk