Новинарот и аналитичар на политичките случувања Ацо Кабранов, во изјава за „Фронтлајн“ за коалицискиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, констатира дека опозицискиот блок на Албанците и без јавна поддршка на Мицкоски, на јавноста ѝ е јасно дека работи по планот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
– Откако тој веќе и јавно им ветува дека ќе ги земе во власт без разлика што најверојатно ќе изгубат од ДУИ на изборите, јасно е дека работат по планот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Лошо е за нив што уште на почеток, од авион се гледа кој ги команда и за жал веќе како што слушам и читам ги нарекуваат „пудлиците“ на Мицкоски. Тие не нудат своја програма, проекти за да ги привлечат граѓаните туку единствено плукаат по ДУИ. Мислам дека тоа нема да им донесе резултат на изборите, изјави Кабранов за „Фронтлајн“.
Дестан Јонузи
Поврзано:
Аналитичарите се сомневаат во коалицискиот капацитет на ВМРО-ДПМНЕ