ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи со поддршка на идејата на Борел за вклучување на Западен Балкан во процесот на одлучување на ЕУ

November 14, 2023 11:55
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Бујар Османи. Фото: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Омани денеска осврнувајќи се на вчерашната изјава на виокиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Жозеп Борел дека ЕУ сака да го вклучи Западен Балкан во својот процес на одлучување, како за надворешната така и за безбедносната политика, пред влезот на регионот во Унијата, рече дека Северна Македонија е сто отсто усогласена со надворешната безбедносна политика на ЕУ, а при тоа тој како шеф на дипломатијата не е дел од Советот за надворешни работи на Унијата.

-Мене ми е жал што нашата иницијатива за повеќе интеграција пред членството некако не доби и во нашата јавност премногу гласност, бидејќи тоа беше наша идентична идеја која што ја промовираме во ЕУ. Јас постојано во секој мој говор зборувам ако Северна Македонија е сто отсто усогласена со надворешната безбедносна политика, зошто јас не сум дел од Советот за надворешни работи на ЕУ. Не мора да имам право на глас се уште додека не сме членка, меѓутоа треба да бидам на маса, како што треба да бидеме на маса секаде каде што сме усогласени со реформите и со стандардите на ЕУ, да имаме пристап до заедничкиот пазар, да имаме пристап до парите, рече Османи.

Министерот посочи дека како земја-кандидат во моментот добиваме 160 евра по глава на жител пари од ЕУ, додека Бугарија како соседна европска земја-членка добива 4.700 евра по глава на жител.

Доколку продолжиме вака наместо да создадеме една социјална конвергенција ние повеќе се оддалечуваме. Затоа јас ја промовирав идејата пред да станеме членка да имаме пристап до тие средства, да имаме пристап до пазарот, да седнеме на маса за потоа кога ќе станеме членка тоа да не биде голема вест, затоа што земјата ќе биде доволно развиена и ќе сето тоа ќе биде нормално. И мислам дека ЕУ тоа го прифати. Го прифати Австрија преку својот нон пејпер, Германија и Франција на еден поинаков начин, меѓутоа во тој контекст и ЕУ со планот за раст којшто го претстави Фон дер Лајен и вчера и изјавата на Борел. Значи, мислам дека треба да се гордееме што сепак една наша автентична идеја станува мејнстрим идеја на ЕУ, рече Османи.

Борел вчера за време на претседавањето со состанокот на министрите за надворешни или европски работи на членките на ЕУ и шесторката од Западен Балкан, Борел на социјалната мрежа Х напиша и дека „местото на Западен Балкан е во ЕУ“.

-Вечерва претседавам со министерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан, со шест министри од тој регион. Сакаме да го интегрираме регионот во нашиот процес на донесување одлуки уште пред пристапувањето, вклучувајќи ги и одлуките за надворешната и безбедносната политика. Местото на Западен Балкан е во ЕУ, нагласи Борел.

-Теми на Советот за надворешни работи беше ситуацијата во Украина, ситуацијата во Блискиот Исток, ситуацијата во Јужен Кавказ, каде што се разговараше перспективата на ЕУ и тука беа вклучени и земјите кандидати, односно земјите од Западен Балкан во рамки на оваа идеја ние да сме дел од процесот уште пред самото членство. Ние сме во комотна позиција на таквите средби бидејќи имаме стопроцентна усогласеност на надворешна политика и секогаш сме земени како пример од сите земји членки како една земја може да се покаже дека е партнер на којшто може да се потпре ЕУ уште пред да стане членка, истакна денеска Османи.

Шефот на дипломатијата не присустуваше на состанокот во Брисел, поради, како што појасни вчера, важните состаноци во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, што се одржуваат во Скопје вчера и денеска, а на кои присуствуваат амбасадори на членките на ОБСЕ и генералната секретарка на Организација Хелга Шмид. На состанокот во Брисел, како што информира Османи од МНР присуствувала заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаку.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: БорелизјаваОсмани

НАЈНОВО

Новакоски за Фронтлајн: Ако се определат за една ИЕ, треба да постои и праг кој би бил разумен

June 4, 2025
Мира Мурати. Фото: Скриншот

Мира Мурати: Од OpenAI до Thinking Machines Lab – нова етапа во развојот на вештачката интелигенција

June 4, 2025

Нухиу: Изборен систем од една ИЕ е погоден за сите граѓани

June 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кинеската не толку „мека моќ“: Тивкиот партнер во војната на Путин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последниот бисер на Панче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Четвртата економија“ во ЕУ не се замара колку чини четврт бурек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови дилеми – Една ИЕ жежок костен за политичката елита!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk