ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Курти од меѓународната побара екстрадиција на Радоичиќ; над 1.350 сменети таблички во „РКС“; Албанија и Италија со билатерален договор за антикорупција

November 14, 2023 10:59
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на учеството на Виенскиот економски форум, косовскиот премиер Албин Курти во интервју побара од меѓународната заедница заложба за екстрадирање на Милан Радоичиќ во Косово. Од 1 ноември до сега, на северот на Косово регистрирани се над 1.350 сменети регистарски таблички  во „РКС“.

Албанскиот министер за правда Улси Мања и Џузепе Бусија, претседател на италијанската Национална антикорупциска агенција денеска во Рим го официјализираа билатералниот договор за спречување корупција.

Ова е само дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

КОСОВО

Клан Косова: Курти во Виена побара групата на Радоичиќ да биде екстрадирана во Косово

Косовскиот премиер Албин Курти побара екстрадиција на Косово на Милан Радоичиќ и неговата група, кои извршија терористички чин на Косово со убиство на полицаец и рани двајца други, во интервју во Виена, каде што учествува на Виенскиот економски форум. Според Курти,  Радоичиќ во Србија бил задржан во полиција само два часа и бил пуштен. А за неговата екстрадиција и криминалната група , тој  побара помош од меѓународната заедница, пренесе Клан Косова.

Коха -Гервала: Да се реагира јасно и брзо кон Србија за агресијата од 24 септември

Косовската министерка за надворешни работи Доника Гервала изјави дека на средбата со министрите за надворешни работи на ЕУ побарала јасна и брза реакција до Србија за терористичкиот напад на 24 септември во Бањска, каде што беше убиен полицискиот наредник Африм Буњаку, пренесе Коха.

Перископи: Над 1.350 граѓани на северот ги смениле регистарските таблички од нелегални во „РКС“

Изминативе денови е забележан голем интерес на српските граѓани во Косово да ги пре-регистрираат своите автомобили во РКС. Од 1 ноември до сега регистрирани се над 1.350, соопшти Ветон Елшани, вршител на должноста директор на полицијата за север, пренесе Перископи.

Газета Експрес: Во Лепосавиќ и Зубин Поток продолжува кампањата за безвизно патување

Во текот на оваа недела ќе продолжи информативната кампања за либерализација на визите за Косово. Кампањата за подигање на свеста продолжува и денеска со Лепосавиќ и Зубин Поток.

„Учествувајте во квизот за да освоите бесплатно патување во Виена и дознајте повеќе за вашите права за патување #безвиза  од 1 јануари 2024 година“, се вели во соопштението.

Инаку, од 1 јануари 2024 година, граѓаните на Косово ќе можат да патуваат во Шенген зоната без визи за краткорочен престој. Патувањето без визи значи дека можете слободно да патувате во земјите на Шенген зоната, но нема да можете да работите, пренесува Газета Експрес.

АЛБАНИЈА

Сури: Албанија потпиша договор со италијанската Национална антикорупциска агенција

Министерот за правда Улси Мања и Џузепе Бусија, претседател на италијанската Национална антикорупциска агенција денеска во Рим го официјализираа билатералниот договор.

Според овој договор, италијанската страна ќе и помогне на Генералниот директорат за антикорупција во патот кон станување Антикорупциска агенција под Министерството за правда, со посебен фокус на спречување на корупцијата, проширување на едукацијата за ова прашање на сите алки на образовниот систем во земјата, пренесува Сури.

Опинион – Буџетот за 2024 година, Рама: 400 милиони евра ќе одат за зголемување на платите

400 милиони евра од буџетот за 2024 година ќе одат за зголемување на платите, изјави Рама  на средбата со граѓаните на проширеното Собрание на СП во Поградец.

Рама во својот говор ги потенцираше категориите кои ќе имаат корист од покачувањето на платите, пренесува Опинион.

КОЛУМНА

Јава Њуз: Трагедијата на еден „непознат“, имигрантите и парадоксот на нашиот живот

Изразувајќи  искрено сочувство до семејството на фудбалерот, една работа ми доаѓа на ум во овие денови исполнети со сладост за имигрантите, гореспоменатите албански кампови, политиката: Животот е многу краток. Двамена тоа ни го потврди во 28-та година од животот, пишува албанскиот колумнист Бен Андони.

Андони ја сензибилизира прераната смрт на фудбалерот Рафаел Двамена кој 11 ноември 2023 година, колабира од ненадеен срцев удар на теренот во 23. минута од првото полувреме од натпреварот од 13. коло помеѓу Игнација и Партизани во Супериорна Категорија Супериоре, и починал на пат кон болницата во Каваја, на возраст од 28 години.

Понатаму во колумната, Андони прави паралела помеѓу медицинското, општественото и политичкото третирање на имигрантите.

Политичарите треба да го разберат ова денес за тоа застрашувачко диво ниво што му го дадоа на албанското општество во последните три децении. омраза; навреди; богохулење, кои не се редат; заморниот протагонист на Рама; монотонијата и цинизмот на реториката на Бериша и бескрајните вести за злосторствата (нашето општество ги произведува со толку голема желба и неподготвеност да го слуша злото) ни покажуваат колку малку го почитуваме животот, пишува Бен Андони во колумната „ Трагедијата на еден „непознат“, имигрантите и парадоксот на нашиот живот“, објавена во Јава Њуз.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион

НАЈНОВО

Според СДСМ „Орце Ѓорѓиевски ја уништи Кисела Вода, така ќе биде и со Скопје“, Мицкоски вели Орце води на анкетите со петпати поголема разлика

July 6, 2025

Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

July 6, 2025

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ на седница на ИК ќе утврдува нови кандидати за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk