На територија на Град Скопје вчера изречени се вкупно 241 мерка во контролите во областа на сообраќајот, што ги спроведува Секторот за внатрешни работи Скопје.
Како што соопшти МВР, 45 возачи се казнети за возење повеќе од дозволената брзина, 22 возачи биле без возачка дозвола, а девет санкции се за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон при возење, 29 санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.