ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Досега заменети над еден милион патни исправи, 900 илјади лични карти и 480 илјади возачки дозволи

November 15, 2023 14:44
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

На ниво на државата досега се заменети 1.050.000 патни исправи, 900.00 лични карти и 480.000 возачки дозволи, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска со раководството на Министерството за внатрешни работи го посети пунктот во Полициската станица „Пролет” каде граѓаните можат да направат промена на личните документи, без претходно закажување.

Спасовски информираше дека се инсталирани 10 нови работни станици, каде што ќе можат граѓаните да извршат сликање за документите. Причина за отварањето на пунктот, како што посочи во изјава за медиумите, е бројноста на населението во Скопје и фактот дека на околу 70 проценти од закажаните термини граѓаните не се појавуваат, а притоа презакажуваат  нови термини.

-За поздравување е тоа што граѓаните од внатрешноста на државата дури над 80 проценти ги имаат направено промените на личните документи. Причина за отворањето на овој нов пункт беше бројноста на населението во Скопје, како и фактот дека околу 70 проценти од закажаните термини коишто ги имаат граѓаните резервирано преку телефонскиот број или по електронски пати ги откажуваат, односно не се појавуваат на тие термини, а притоа се презакажуваат со нови термини и на тој начин практично се одлага процесот. Затоа како раководство на МВР одлучивме да излеземе во пресрет на граѓаните, да создадеме можност за започнување на процедурата без закажување на редовната постапка, туку со лично појавување во салата по принципот „прв дојден, прв услужен“, рече Спасовски.

Системот е тестиран, вели Спасовски, и овозможува по околу 1000 лица за период од еден работен ден да ја поминат процедурата. Работното време на пункот е од 08.00 до 18.00 часот, со можност за продолжување до 20.00 часот. Министерот апелираше до граѓаните да имаат трпение и разбирање кон службениците во управните служби при остварување на својата обврска за промена на личните документи со овој забрзан систем на промена на документите, почитувајќи го редот и дисциплината во објектот.

На 13 и 14 овој месец, пред официјалното пуштање во употреба на пунктот, биле примени околу 1000 барања.

Tags: Лични документиСпасовски
Next Post

Откако Арсовска се попишмани, Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk