Вo бомбардирање од страна на руските војници врз цивилната инфраструктура во регионот Запорижја загинаа двајца вработени во Државната служба за вонредни состојби на Украина, напиша Украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко во објава Телеграм, пренесува Укринформ.
„Русите уште еднаш бомбардираа цивилна инфраструктура. Избувна пожар. Вработените во Државната служба за вонредни состојби на Украина беа на местото на настанот за неколку минути. Потоа окупаторите удрија одново. За жал, во бомбардирањето загинаа двајца вработени во Државната служба за вонредни состојби на Украина. Нашите невооружени херои сега имаат засекогаш 31 и 34 години“, рече министерот.
Според Клименко, во нападот биле повредени уште тројца спасувачи и четворица цивили.
Министерот изрази сочувство до најблиските на жртвите.
„Ова е непоправлива загуба. Се сеќаваме на сите чии животи беа одземени од војната“, рече тој.
Рано изутрина, руските трупи извршија три ракетни напади врз населба во Запорижја.
Подготви: М. П.
Извор: ЦИВИЛ Медиа