ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Дебати за Европа: Каква улога има Западен Балкан во заедничка европска иднина?

November 17, 2023 16:22
in PMD, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Дебатите за Европа продолжуваат со Втората скопска дебата за Европа (17-19 ноември). Се работи за заедничка иницијатива на Фондацијата С. Фишер (S. Fischer Stiftung) и Германската академија за јазик и литература (Deutsche Akademie für Sprache und Dichtung). Скопското продолжение на дебатите започнува денеска во 18:30 часот во Чифте Амам, Скопје.

Дебатите за Европа ќе траат до 19 ноември, а програмата опфаќа јавни панел дискусии и литературни читања, како и интерни сесии, со цел да се истражат нови начини како земјите во Југоисточна Европа се гледаат себеси и едни на други – и како регионот може да одигра конструктивна улога во заедничката европска иднина.

Од своето основање во 2012 година, серијата Дебати за Европа се одржува на места каде што идејата за Европа е во ризик. На меѓународните форуми за дискусија организирани во соработка со локални актери, главно во Источна и Југоисточна Европа,  дебатите се осврнуваат на најитните прашања од европската агенда.

„Додека војната повторно го прогонува европскиот континент, политичкиот проект Европа мора да се размислува одново. Наместо уште поблиска интеграција на неколку основни европски земји, натамошното проширување на ЕУ сега е повторно на агендата – не само како економска и социјална цел, туку како безбедносна мерка, за да се постигне долгорочна стабилност во сè понестабилната геополитичка ситуација. Западен Балкан повторно е во фокусот, заедно со Украина и Молдавија. Ова несомнено го поместува центарот на гравитација на исток, не само географски, туку и кога станува збор за тоа чија перспектива е релевантна, а чија не. Но, каде стои Југоисточна Европа денес? Кое е неговото место во новата геополитичка констелација? Дали нејзините конфликти навистина се минато? И како различните земји во регионот пристапуваат кон предизвикот за создавање инклузивни и одржливи општества, каде правата на малцинствата се одговорност на мнозинството?“, се наведува во соопштението на организаторите на втората скопска дебата за Европа, Контрапункт и Дебати за Европа.

Следејќи ја дебатата во Софија за Европа одржана во февруари и на белградските разговори за војна и мир оваа есен, водечки експерти, писатели и креатори на мислење ќе се сретнат во Скопје за да се осврнат на регионалните прашања и состојби и нивната важност за иднината на Европа, како акутни и итни политички прашања кои се последица на долгорочни општествени и историски превирања во регионот.

На првата дебата „Косово меѓу геополитичкиот знак и конфликтната реалност“ вечерва во Чифте амам ќе говорат Соња Бисерко (Србија), Ветон Сурои (Косово) и Сергеј Лебедев (Русија; во егзил). ЦИВИЛ МЕДИА направи ексклузивно интервју во два дела со Сурои, токму во пресрет на овој важен настан. Програмата на настанот може да се најде на следниот ЛИНК.

Б. Ј. / Цивил Медиа

(ЕКСКЛУЗИВНО) Ветон Сурои: Западен Балкан сè уште е во зона на недовршен конфликт

(ЕКСКЛУЗИВНО) Втор дел од интервјуто со Ветон Сурои за ЦИВИЛ МЕДИА: Формирањето на „Ветевендосје“ во Албанија и Северна Македонија не е добар рецепт за добрососедство

Next Post
Зоран Иванов

Крстот и џамијата не се провокација, провокацијата сте токму вие

Најново

ХАОС ВО МАДРИД: Валверде во болница по тепачка со Чуамени – двајцата го пропуштаат „Ел Класико“

May 7, 2026
Фото: МИА

Трендафилов: Реалното зголемување на минималната плата со инфлацијата е само 1,1%, на работниците им недостасуваат 1.637 денари за основни потреби

May 7, 2026

ИРЛ категорично ги отфрли обвинувањата за договорот со МРТВ: Станува збор за координиран напад врз истражувачкото новинарство

May 7, 2026
Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk