Претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 21 ноември ќе биде домаќин на официјалната посета на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Скопје.
Од владината прес-служба денеска соопштија дека посетата на Столтенберг ќе започне со официјална церемонија во Владата проследена со заедничка прес-конференција.
Република Северна Македонија ќе биде домаќин на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот во Скопје, на 22 ноември 2023.
Како што е најавено од Владата, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе ги пречекаат поканетите лидери од Република Албанија, премиерот Еди Рама, Република Хрватска, претседателот Зоран Милановиќ, Република Црна Гора, премиерот Милојко Спајиќ и Република Словенија, премиерот Роберт Голоб.