Прелиминарната истрага на Комитетот за заштита на новинарите (CPJ) покажа дека од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас досега се убиени најмалку 48 новинари и медиумски работници.
Најсмртоносен ден за нив беше првиот ден од војната, 7 октомври, кога загинаа шест новинари и медиумски работници. Петмина новинари се убиени на 18 ноември.
Меѓу загинатите се 43 палестински новинари, четворица Израелци и еден Либанец.
CPJ ги проучува сите извештаи за убиени, повредени или исчезнати новинари и медиумски работници во услови на војна од 1992 година.
Од почетокот на израелско-палестинската војна, деветмина новинари се ранети, тројца се водат како исчезнати, а 13 се уапсени.
Г. Т.