ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: Косовската влада не го прифаќа предлогот на ЕК за укинување визи на српските пасоши во Косово; Курти посочи за средба помеѓу Радоичиќ и Српска Листа, Елек демантира

November 22, 2023 10:58
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Косовската влада побара од Советот на Европа, предлогот за укинување на визите за имателите на српски пасоши во Косово, да ги третира овие документи како незаконски, како што ја третира и останатата паралелна документација. Косовскиот премиер Албин Курти пред два дена изјави дека во Рашка се случила средба помеѓу Милан Радоичиќ и Српска листа, а ова го демантираше претседателот на партијата, Златан Елек.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. Во продолжение се темите од денешниот редакциски избор.

КОСОВО

Радио Косова е Лире: Владата на Косово не се согласува со предлогот на Европската комисија за укинување на визите за имателите на српски пасоши

Владата на Косово изрази загриженост од предлогот на Европската комисија за укинување на визите за имателите на српски пасоши, кои престојуваат на територијата на Косово. Вицепремиерот Бесник Бислими изјави дека за овој предлог на Советот на Европа за пасошите издадени од таканаречената српска координативна дирекција не е разговарано со Владата на Косово. Владата на Косово ја поканува ЕУ да ги третира овие документи како незаконски како што ја третира и останатата паралелна документација. Предлогот на ЕК беше аргументиран со фактот дека визната либерализација ќе почне да се применува од 1 јануари 2023 година, пренесува Радио Косова е Лире.

Телеграфи: Српските невладини организации го поддржуваат укинувањето на визите за косовските граѓани со српски пасоши

Петнаесет граѓански организации на српската заедница во Косово се спротивставија на повиците на граѓанското општество на Косово, Европската комисија да го повлече предлогот со кој се бара на граѓаните на Косово кои имаат пасоши на Србија да им бидат одземени визите, пренесе Телеграфи.

Бота Сот: Курти укажа на средба помеѓу Радоичиќ и Српска листа во Рашка, Елек демантира

Во неделата косовскиот премиер Албин Курти укажа на средба во Рашка која пред неколку дена се одржала меѓу Милан Радоичиќ и некои српски политичари, меѓу кои и пратеници и функционери на Српската листа.

Курти рече дека таму се одвива реорганизација на терористичката група на Радоичиќ со поддршка на Србија. Претседателот на Српската листа, Златан Елек, демантираше дека имало таква средба.

„Целосно ја демантирам  оваа работа. Не разбирам каква врска има Милан Радоичиќ со Српската листа“, изјави Елек, објави Бота Сот.

АЛБАНИЈА

Леѕо: Сали Бериша го прогласи СПАК за криминална организација: Тие се најопасната банда во Албанија

„Ако има човек во Албанија, кој стотици пати изјавил дека СКАП е криминална организација, тој е Сали Бериша.

Вака им порача Сали Бериша на новинарите на прес-конференцијата, подвлекувајќи и мислејќи на себе дека „тоа го прави тоа три години по ред и е прв кој  СПАК го нарече СКАП“, пренесе Леѕо.

Балкан Веб: Хаос во албанското Собрание, мнозинството бара казнени мерки за пратениците од опозицијата, се собираат потписи за нивно изземање

Социјалистите ги собраа потписите за исклучување на пратениците од опозицијата кои беа вмешани во хаосот на последната пленарна седница. Барањето е доставено до Претседателството на Собранието, додека точниот број на пратеници за кои се бара изземање се уште не е познат.

Потсетуваме, во понеделникот Собранието беше во хаос, каде пратениците од опозицијата го реализираа својот план за прекин на седницата, објави Балкан Веб.

КОЛУМНА

Бота Сот: Крај или почеток на крајот на изгорените соништа и илузии на српска Југославија?

Косово и Албанците, сега речиси две (2) децении се наоѓаат во „салата“ или чекалната (коридорот), да се приклучат на таканаречениот „заеднички состав“ на ЕУ, пишува косовскиот автор Агрон Шабани.

Косово нема да се приклучи  во ЕУ, без да и  се даде или  да и се простат многу работи (бланко) на Србија,  на тој начин што Србија да има удел, лиценца и монопол во познатите имоти, средства, вредности и ресурси на  Косово и Албанците, пишува Шабани во колумната „Крај или почеток на крајот на изгорените соништа и илузии на српска Југославија?“, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post
JAVIER SORIANO/AFP

Феминистички акцент во новата влада на Педро Санчез: Жените сочинуваат повеќе од половина од министрите

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk