Низ општина Аеродром утрово осамнаа транспаренти со кои аеродромци го изразија револтот од неисполнетите ветувања на градоначалникот Тимчо Муцунски.
Граѓаните го нарекоа градоначалникот „Тимчо Нула проекти“ и го прашаа каде е исполнувањето на предизборните ветувања на градоначалникот.
На еден од транспарентите низ општината беше истакнато и дека сѐ уште ја нема ни ветената спортска сала „Пирин“ во Лисиче.
Изминатите месеци, освен за нереализација на ветените проекти, реагираа и на запоставувањето на јавните површини во општината, насобраното ѓубре и неискосеното зеленило.