Претседателот на Собранието Талат Џафери по покана на премиерот на Република Албанија, Еди Рама, денеска ќе учествува на Третиот самит на дијаспората, што ќе се одржи во Тирана.
Џафери, како што е најавено, ќе се обрати пред присутните на Пленарната сесија, а на Самитот ќе учествуваат државници и политички лидери од државава, Албанија, Косово, како и претставници на албанската дијаспора од Европа и пошироко.
– Самитот е национален настан кој има тенденција да прерасне во традиционален настан, со цел заедничко дискутирање на идеи, проекти и визии за сестрана соработка во полза на државите од регионот кои се соочени со предизвиците на денешницата, а во контекст на регионалните развои на континентот и пошироко, водени од идејата дека албанската дијаспора, каде и да живее и работи, првенствено е додадена културолошка вредност, бесценето богатство за нашите земји и голем потенцијал за сестран национален напредок, соопшти собраниската прес-служба.