Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира серија панел дискусии, на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“
Во 12 часот, учесници на панелот ќе бидат Насер Селмани, главен и одговорен уредник на zoom.mk и Стево Башуровски, главен и одговорен уредник во ТВ Тера, Битола.
Во 13 часот, учесници ќе бидат новинарот Љубиша Николовски и Горан Лефков, истражувачки новинар и претседател на СКУП, Центарот за истражувачко новинарство.
Зелената агенда, еколошките прашања и одржливиот развој се неизоставен дел од политичките програми и дел од пи-арот на институциите на државно и локално ниво, како и на пошироката јавност, но и медиумите, граѓанското општество, па и академската фела. Пост-ковид периодот, економската криза, руската агресија врз Украина, но и чекорите кон ЕУ, ги отворија вратите, не само за креирање стратегии, туку и во инвестирање и имплементирање на проекти што ќе придонесат кон зелената транзиција на земјата.
Фокусот на денешните панел дискусии ќе биде насочен кон колку всушност е реална зелената агенда на Северна Македонија, дали се поседува институционално и системско знаење што претставува Зелената агенда, кои се перспективите, а кои предизвиците во нејзино спроведување, колку зелените прашања и агенди заземаат простор во медиумите и од кој аспект, каков е односот или соработката меѓу медиумите и иниституциите или главните чинители одговорни за зелената агенда во било кој нејзин сегмент.